Љутков: Со проектот „Европска престолнина на културата“ ќе му го вратиме идентитетот на Скопје - Канал 5

Љутков: Со проектот „Европска престолнина на културата“ ќе му го вратиме идентитетот на Скопје

Преку реализација на активностите од проектот европска престолнина на културата, ќе го трансформираме Скопје во еден урбан град и ќе му го вратиме идентитетот.

Љутков: Со проектот „Европска престолнина на културата“ ќе му го вратиме идентитетот на Скопје

Преку реализација на активностите од проектот европска престолнина на културата, ќе го трансформираме Скопје во еден урбан град и ќе му го вратиме идентитетот, изјави за МИА министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој денеска во Брисел заедно со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски имаше средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Глен Микалeф, посветена на титулата „Скопје - Европска престолнина на културата за 2028 година“.

- Процесот околу „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ две години беше закочен во лавиринтите на Град Скопје и јас по стапувањето на функцијата министер за култура и туризам презедов голем дел од работите. Се формира главното тело од 13 луѓе, што направи значаен исчекор и главната задача беше да ја увериме Европската комисија дека всушност сега и со новиот градоначалник сме силно посветени на тој процес, рече Љутков.

Тој додаде дека за проектот се обезбедени средства и од Владата и од Градот Скопје и се е подготвено процесот да продолжи во наредните две години.

-Во наредниот период ќе мора многу брзо да работиме за да ги исполниме сите ветувања што сме ги дале. Силно верувам дека ќе ни се врати поддршката и ќе ги информираме (во ЕК) за сите процеси што ни се случуваат. Се надевам дека во 2028 година Скопје ќе си го врати идентитетот што го имал во минатото, додаде Љутков.

Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски изјави дека на средбата со Микалеф го информирале за моменталната состојба, предизвиците и сите понатамошни чекори на кои ќе се работи за унапредување на проектот „Скопје - Европска престолнина на културата за 2028 година“.

- Сакам да ја информирам македонската јавност дека проектот, за жал, досега беше целосно блокиран и управуван спротивно на законските прописи, особено во делот на програмата содржана во апилкациската книга. Наместо да се следат транспарентни и инклузивни процеси, проектот беше воден без консултации со релевантните институции, без усогласување со националните културни политики и без суштинско вклучување на културниот сегмент, изјави Ѓорѓиевски за МИА.

Тој истакна дека по денешната средба со Микалеф и воспоставената институционална координација, процесите поврзани со проектот се целосно деблокирани и вратени во законски и професионални рамки.

- Градот Скопје останува цврсто посветен на реализацијата на проектот и ќе ги обезбеди сите предвидени средства од 20 милиони евра во периодот од наредните четири години. Проектот претставува одлична можност за темелна трансформација на нашиот главен град Скопје преку развој на културна инфраструктура, зајакнување на заедништвото, поддршка на иновации и, пред се, промовирање на европски вредности, додаде скопскиот градоначалник.

Ѓорѓиевски истакна дека проектот ќе се спроведува со целосна транспарентност, отчетност и активно учество на сите релевантни чинители на национално, но и на меѓународно ниво.

- „Скопје - Европска престолнина на културата“ е визија за отворен, модерен и динамичен град, кој што ја вклучува заедницата, ги охрабрува младите, ги поддржува уметниците и создава простор за силна културна размена и соработка. Нашата престолнина ќе биде достоинствен претставник на Македонија на европската културна сцена, потенцира Ѓорѓиевски.

Инаку, претходно денеска тимови на Министерството за култура и туризам и на Град Скопје имаа средба на техничко ниво во Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура (ДГ EAЦ) при Европската комисија, на која од страна на претставниците на ЕУ била изразена силна поддршка за задржување на титулата „Европска престолнина на културата“ и било порачано дека на овој проект треба многу повеќе да се работи во следниот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. 

Сообраќај по влажни коловози

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, особено низ котлините и клисурите каде што постои честа појава на одрони. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, а на неколку клучни магистрални и регионални правци во тек се активни градежни зафати со посебен сообраќаен режим.

Влажните коловози создаваат дополнителен ризик за возачите кои се движат низ котлините, речните долини и засеците. АМСМ издвојува четири патни правци каде што е потребна исклучителна претпазливост поради одрони од карпи и земја: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта.

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови времето ќе биде под влијание на циклонска активност до вторник. Ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 31. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 31. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 31. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.

Кариера

Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат.

Здравје и совет

Ќе го надминете преодниот стрес.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења.

Кариера

Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте.

Здравје и совет

Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно.

Кариера

Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата.

Здравје и совет

Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете.

Кариера

Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна.

Здравје и совет

Сепак имате доволно слобода.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине.

Кариера

Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате.

Кариера

Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје и совет

Посигурни сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Одвоете го приватното од деловното.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе.

Кариера

Подготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа.

Здравје и совет

Одморете се и наспијте се .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек.

Здравје и совет

Тргнете се од каква било негативност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер