Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа - Канал 5

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. 

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

„Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање пред концертот на Националниот џез-оркестар во Брисел во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.

Љутков истакна дека оваа значајна културна манифестација е потврда дека културата е најмоќниот јазик за поврзување, почит и соработка меѓу народите.

„Вечерва, музиката го презема зборот. Овде, во култниот ’Бозар‘, Националниот џез-оркестар донесува звук што произлегува од традицијата, а се претопува во современа и слободна форма. Тоа е жив доказ дека македонската култура не само што трае, туку и се развива, создава и комуницира со светот“, потенцираше Љутков.

Тој се осврна и на богатата програма на „Деновите на македонската култура“, која содржеше повеќе настани, како: изведбата на „Лебедово езеро“ од Националната опера и балет во Антверпен, проекцијата на филмот „Исцелител“ во Брисел, како и претстојната изложба на теракотните икони од „Виничко Кале“ во Европскиот парламент.

Министерот нагласи дека поддршката на Министерството за култура и туризам за ваквите настани е израз на стратешка определба за промоција на македонската култура надвор од границите на државата, како и за зајакнување на културната дипломатија.

Во своето обраќање, министерот Љутков се осврна и на значењето на македонскиот јазик, имајќи предвид дека во земјава вчера се одбележа Денот на македонскиот јазик.

„Македонскиот јазик не се мери со бројот на говорници, туку со длабочината на љубовта што ја носи во себе. Тој е јазик на истрајноста, на културната меморија и на идентитетот. Наша обврска е да го чуваме, да го негуваме и да го пренесуваме како најголемо духовно богатство“, порача Љутков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: За првпат откако е изграден, го реконструираме мостот „Естакада“

Најфрекфентниот мост во градот добива нов живот, градиме инфраструктура што ќе служи на генерациите, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Ѓорѓиевски: За првпат откако е изграден, го реконструираме мостот „Естакада“

Целосно го реконструираме мостот „Естакада“ - важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје!

„📍 Денес, заедно со мојот колега Бобан Стефковски, го означивме почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба, проект кој со години беше барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот.

✔️ Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел.

Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена.

👷‍♀️ Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 м², од кои 3.800 м² ќе бидат целосно обработени со гребење и вградување два нови слоја асфалт, додека на делот од мостот ќе се постави нов асфалтен слој.

🫵 Дополнително, ќе се изврши замена на рабници, изработка на асфалтни тротоари, чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти.

Вкупната должина на делот што се санира изнесува 1,5 километри коловоз.

📍Ова е вложување во безбедноста, во подобрата поврзаност и во секојдневието на илјадници граѓани.

♥️ Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура.

Затоа најавувам дека ќе продолжиме со санација на сите мостови во градот каде што има потреба.

🫡 Продолжуваме да го градиме Скопје - чекор по чекор, проект по проект, со дела што се гледаат.“- стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)

Голем пожар избувна денес во областа на Мостар, а пожарот би можел да го блокира главниот пат, бидејќи пожарот сè уште не е ставен под контрола, ниту пак е утврдена неговата причина, објавија локалните медиуми.

Огромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)

Пожарот избувнал на Буна, спроти Намекс, во правец на реката Неретва, а Професионалната противпожарна служба на Мостар потврди дека екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, објави веб-страницата на Требињеданас.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или колку површина е зафатена од пожарот, но фотографиите од терен покажуваат дека пожарот се заканува да го блокира главниот пат Мостар-Сараево, додека целата област е покриена со густ чад.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци - не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго. При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер