Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност - Канал 5

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност

„Нашата обврска е македонскиот јазик да добие вистинска, жива и достоинствена институционална заштита.“- вели Љутков.

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието на РМ, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, истакна дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

Тој нагласи дека Законот е донесен со широк парламентарен консензус на почетокот на 2024 година, а функцијата министер ја презел неколку месеци подоцна, во услови кога не бил воспоставен Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, ниту биле создадени услови за негово оперативно функционирање.

„Недоследната и нефункционална примена на Законот не започнала со оваа Влада. Таа е резултат на долгогодишно отсуство на системски пристап, институционална инерција и недоволна политичка волја. Затоа, денес треба да зборуваме со факти, а не со политички квалификации“, истакна Љутков.

Министерот посочи дека во изминатиот период е формиран Советот за македонски јазик, започната е подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, лекторските испити се спроведуваат континуирано, а за првпат е воспоставен Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик, кој веќе има вработени инспектори што се во процес на обука.

Љутков информираше и дека Владата ги задолжила институциите да обезбедат доследно почитување на законските обврски во однос на ангажирањето лектори, додека податоците што се прибираат ќе бидат основа за креирање на Националната стратегија за македонскиот јазик.

Осврнувајќи се на афирмацијата на македонскиот јазик надвор од државата, министерот потенцираше дека во моментов функционираат 12 лекторати по македонски јазик во 11 земји, а во последните три години се отворени нови лекторати во Тирана, Нитра и Неапол.

„Нашата обврска е македонскиот јазик да добие вистинска, жива и достоинствена институционална заштита. Почитта кон македонскиот јазик не се докажува со декларации, туку со институции што функционираат, со закони што се применуваат и со држава што доследно ги исполнува своите обврски“, порача министерот Љутков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа

Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа. 

Шакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа

Наводно, Серж Ибака присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а се зборува и дека заедно патувале со приватен авион на Модната недела во Париз.

Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа.

Во последните денови, шпанските и латиноамериканските медиуми шпекулираат за нивната наводна блискост, откако се појавија тврдења дека кошаркарот присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а потоа и отпатувал со неа во Париз.

Сепак, ниту Шакира, ниту Ибака немаат потврдено дека се во врска. Според медиумските извештаи, двајцата сè уште се запознаваат, а природата на нивниот однос засега останува нејасна.

Гласините ги поттикна шпанскиот папарацо Жорди Мартин, соработник во емисијата „El Gordo y la Flaca“, кој зборуваше за можна романса за време на едно телевизиско гостување на 7 октомври.

Според неговите тврдења, Ибака присуствувал на неколку концерти на Шакира во Мадрид, во рамките на нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Посебно внимание привлекоа наводите дека тие, наводно, патувале од Мадрид до Париз со приватен авион за време на Модната недела.

Во Париз, Шакира била гостинка на модниот дизајнер Том Форд; сепак, во моментов нема јавно достапни докази кои би потврдиле дека Ибака патувал со неа.

Серж Ибака е роден во 1989 година во Бразавил, главниот град на Република Конго, а поседува и шпанско државјанство.

Во текот на повеќе од една деценија во НБА, тој изгради забележителна кошаркарска кариера. Неговиот најголем успех на клупско ниво дојде во 2019 година, кога ја освои шампионската титула во НБА со тимот на Торонто Репторс.

Исто така, настапуваше и за Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик и други екипи, додека со шпанската репрезентација освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Љубовниот живот на познатата пејачка е под будното око на јавноста откако во 2022 година се раздели од поранешниот фудбалер на ФК Барселона, светската фудбалска ѕвезда Жерар Пике.

Поранешниот пар има два сина, Милан и Саша, а нивната разделба предизвика огромен интерес кај светските медиуми.

Според последните поврзувања, мегапопуларната пејачка дефинитовно е слаба на спортисти.

По раскинувањето, Шакира се поврзуваше со неколку познати мажи, меѓу кои возачот од Формула 1, Луис Хамилтон, и НБА кошаркарот Џими Батлер.

Сепак, овие наводи не се официјално потврдени како љубовни врски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика Британија

Принцот Хари и Меган за првпат заедно по враќањето во Велика Британија,-Се прегрнуваат со луѓе и позира за селфија.

Фото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика Британија

Војводата и војвотката од Сасекс го посетија хуманитарното студио во Нотингем, а планираат да посетат и други локации.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера пристигнаа во Нотингем, во регионот Источен Мидлендс.

Ова е нивниот прв заеднички јавен ангажман откако се вратија во Велика Британија, по шест години живот во Калифорнија.

Според Би-Би-Си, војводата и војвотката од Сасекс го посетија студиото за снимање „Community Recording Studio“, а нивната агенда во градот вклучува посети и на две други локации. За време на средбите со присутните, Хари и Меган се прегрнуваа и позираа за „селфи“ фотографии.

Предвидено е двојката да посети и банка за храна. Тие се вратија во Велика Британија во август, придружувани од своите деца – седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет.

Ова враќање доаѓа шест години откако се повлекоа од своите улоги како активни членови на британското кралско семејство и започнаа нов живот во Калифорнија.

Во писмо од септември, испратено во име на кралот Чарлс III од страна на Лорд Чемберлејн – висок функционер во британскиот кралски двор – се наведува дека Хари и Меган, како приватни лица, немаат право да ги користат титулите „Негово Кралско Височество“ и „Нејзино Кралско Височество“.

Во писмото се потврдува дека договорот постигнат во 2020 година, познат како „Договорот од Сандрингем“ – со кој беа утврдени условите за нивното повлекување од кралските должности – останува во сила.

Ова практично ја исклучува можноста за таканаречено делумно членство, односно статус „наполовина внатре, наполовина надвор“. Со други зборови, Хари и Меган не можат истовремено да се занимаваат со сопствени комерцијални потфати и да ги извршуваат должностите како активни членови на британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Границата решето - Мицкоски го штити швајцарецот Тошковски

Границата е „швајцарско сирење“ по признание на Тошковски ама тој како министер што раководи со полицијата и е надлежен за границата е заштитен. 

СДСМ: Границата решето - Мицкоски го штити швајцарецот Тошковски

Христијан Мицкоски му обезбедува заштита на швајцарецот Тошковски. И обратно. Тошковски му обезбедува заштита на Мицкоски и на организираната криминална група.

Полицијата наместо да му служи на народот, и служи на бандата.

„Кога-тогаш“ вели Мицкоски, значи одговорност нема од никој.

Исто како што Тошковски велеше „брат да ми е, ќе одговара“ а никој не одговара.

5 тони дрога поминаа преку граница, одговорност нема.

Груби прво го пуштија, па го пречекаа на граница со камери и црвен килим. На крај повторно го пуштија. Видовме сите како, со факли и прослава.

Па уште Мицкоски и јавно го брани. Вели не бил организатор, се извинил.

Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер