Љупчо Златев и Џевдет Хајредини во „Само Вистина“ - Канал 5

Љупчо Златев и Џевдет Хајредини во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Љупчо Златев и Џевдет Хајредини.

Љупчо Златев и Џевдет Хајредини во „Само Вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина, секој со својата ќе дебатираат Љупчо Златев и Џевдет Хајредини...

Трагедијата во Кочани ја однесе и 60-тата жртва. Дали можат политичарите без постојан притисок од јавноста да направат елементарно пристојна држава

Имало ли и кој држел „отворен“ бизнис со лиценци, а кој ќе ги „плати“ системските пропусти?

Средбата Мицкоски -Филипче, суштинска или декларативна? Се кристализира ли политичкиот наратив во име на сплотеност наместо поделби или во комбинација се други математики?

Корупцијата го парализира ефикасното владеење, се збогатува ли политичкото мени со етнички теми?

Што по тарифите на Трамп и дали е можен специјален договор за слободна трговија меѓу Македонија и САД?

Вечерва, Само Вистина по централните вести Александар Видиновски со Љупчо Златев и Џевдет Хајредини...

Еврокомисијата најави такса од две евра за секоја мала поштенска пратка што влегува во ЕУ

Еврокомесарот за трговија и економска Марош Шефчович најави воведување на такса во висина од две евра за сите мали пакети со нарачани производи во вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во ЕУ преку пошта, а кои се ослободени од плаќање царина.

Еврокомисијата најави такса од две евра за секоја мала поштенска пратка што влегува во ЕУ

- Станува збор за две евра по пакет нарачани преку онлајн платформите, изјави Шефчович пред Европскиот парламент во Брисел.

Според податоците, во ЕУ минатата година пристигнале околу 4,6 милијарди пакети со купени производи онлајн, што во просек претставува влез на 145 пратки во секунда. Речиси 91 отсто од овие пратки во ЕУ пристигнале од Кина.

- Средствата од ова такса од две евра би служеле за финансирање на царинските управи, кои во моментов се преоптоварени, рече Шефчович.

Еврокомисијата во февруари најави дека ќе ја преиспита одлуката од 2010 година за ослободувањето од царински давачки на ваквите пратки, поради ризикот со нив во ЕУ да се увезат „опасни и еколошки штетни производи“.

Дополнително, според ЕК, ваквата се пораспространета онлајн трговија со евтини производи од странство, пред се од Кина, доведува до нарушување на принципите на конкурентност, бидејќи овие производители не подлежат на обврските на ЕУ што им се наметнати на европските трговци и мали и средни претпријатија. /МИА

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека Русија произведува четирипати повеќе муниција од земјите-членки на НАТО.

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

- Отворените извори укажуваат дека во наредните години Русите може да се обидат да направат нешто глупаво. Мора да се погрижиме доколку (рускиот претседател Владимир) Путин нападне сега или во блиска иднина, одговорот да биде разорен, истакна Руте одговарајќи на прашање за распоредувањето на руски воени сили на финската граница.

Руте наведе дека по завршувањето на војната во Украина важно е Путин повторно да не направи слично.

- Подобрувањето на нашите одбранбени способности е нашата главна мисија. Сојузниците мора да ги зголемат трошоците за одбрана, ова е клучна задача пред Самитот на Алијансата во Хаг следниот месец, посочи Руте. /МИА

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети, вели Тошковски.

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во одморалиштето на МВР во Пониква ги пуштија во употреба реновираните спортски капацитети наменети за вежбовни активности на полициските службеници.

„Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските капацитети на министерството за внатрешни работи. Вложувањето во капацитетите на кои се обучуваат полициските службеници е влог во стабилноста и безбедноста на државата.

Во рок од месец дена беше поставена основа за фудбалско игралиште и фитнес зона со монтирање на сите реквизити. Игралиштата за фудбал, кошарка и одбојка се опремија со полипропиленски подови, обележени и со нови реквизити. Истите добија и трибини од по 2 реда за следење на натпреварите. Покажуваме дека преку добро планирање и соработка помеѓу институциите, јасна визија и одлучност, може да се изградат услови кои ги задоволуваат современите полициски потреби.“, истакна министерот Тошковски.

Во меѓувреме преку оваа соработка на двете министерства се работи на реновирање на спортските капацитети на Центарот за обука на МВР во Идризово каде се создаваат и унапредуваат сите полициски човечки капацитети.

притисни ентер