Љубомир Гајдов во „Само вистина“ - Канал 5

Љубомир Гајдов во „Само вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов.

Љубомир Гајдов во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе гостува Љубомир Гајдов.

Зошто не научивме самите вистински да ја сакаме почитуваме државата?

Приближување, статус-кво или дистанцирање од добрососедството, ќе има ли од некоја страна добра волја на НАТО Самитот во Хаг?

Ако Бугарија нема нови барања освен бугари во уставот, ќе ги повлечат ли бугарските европратеници амандманите поврзани со нашиот идентитет и држава?

Што научиме од Преспанскиот договор?

Кој ќе слави, а кој ќе жали во октомври? Можни ли се изненадувања на локално ниво а со тоа и нови прекројувања на политичкиот колач, по локалните избори?

Вечерва по централните вести, Александар Видиновски со Љубомир Гајдов, во Само Вистина.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Северниот Атлантски Океан содржи околу 27 милиони тони нанопластика, според ново истражување објавено од Институтот за морски истражувања на Холандија (NIOZ) и Универзитетот во Утрехт.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата.

Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во примероци од 12 различни локации низ Атлантикот. Просечната концентрација на длабочина од 10 метри изнесувала 18,1 милиграми на кубен метар вода, додека на морското дно 5,5 милиграми. Највисоки вредности се измерени во близина на европските брегови – 25 милиграми.

Професорот Хелге Ниман од NIOZ изјави дека овие честички можат да навлезат длабоко во човечкото тело, па дури и во мозочното ткиво.

- Сега, кога знаеме колку се распространети во океаните, очигледно е дека продираат низ целиот еко-систем – од бактериите и микроорганизмите до рибите и луѓето. Како тоа влијае на екосистемот, допрва треба да се испита, рече тој.

Научниците нагласуваат дека овие честички не можат да се отстранат, па затоа е клучно да се спречи понатамошно загадување.

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Англискиот прволигаш Евертон синоќа официјално го објави доаѓањето на 22-годишниот француски фудбалер Тиери Бери од шпански Виљареал.

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Бери и Евертон договорија четиригодишна соработка, а англиските медиуми објавија дека трансферот е вреден околу 27 милиони фунти.

Бери настапуваш за француската репрезентација до 21 година на неодамнешното Европско првенство во кое Триколорите беа елиминирани во полуфиналето.

„Се чувствува дека Евертон е на прагот на нов почеток и сакам да бидам дел од тоа“, рече францускиот напаѓач, кој ја почна својата кариера во вториот тим на Сошо. Потоа играше за белгиски Беверен и швајцарски Базел, додека изминатата сезона настапуваше за Виљареал и постигна 11 голови на 35 натпревари во шпанската Ла Лига.

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

На единствениот број за итни случаи 112 вчера се регистрирани досега рекордни во еден ден 4.199 повици, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

Од нив, 711 биле за услуга каде што биле активирани институции за интервенција.

За полицијата биле 286 повици или 40,2 отсто од вкупниот број, Итната медицинска помош преку бројот 112 била побарана 72 пати, што е 10,1 отсто од вкупниот број на повици, а за противпожарната служба биле 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297.

Центарот за управување со кризи добил 54 повици, а Автомото сојузот на Македонија два повика.

притисни ентер