Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија
2Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија
Други спортовиЉафтов: Најдобра одбојка треба да покажеме во СтрумицаМакедонската машка одбојкарска репрезентација овој викенд во Струмица го игра последниот турнир од годинешното издание во ЦЕВ Европската Златна лига.По четири одиграни натпревари Македонија има скор од една победа и три порази, но и одбојкарите и стручниот штаб потенцираат дека од натпревар во натпревар екипата игра сè подобро и се очекува во најдобро светло да се покажат пред домашната публика. „Лично сметам дека на турнирот во Струмица ќе покажеме најдобра одбојка. Играњето пред домашна публика секогаш носи посебен мотив и инспирација, а и веќе имаме четири официјални и два пријателски натпревари зад нас во овој циклус и од натпревар во натпревар растеме во формата. Репрезентацијата се подмладува, селекторот дава шанса и на играчи кои претходно имале помала минутажа и за нас е најважно дека целиот тој процес оди добро“, изјави репрезентативецот Александар Љафтов во изјава за официјалниот сајт на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Македонските одбојкари од 20 до 22 јуни во салата Парк во Струмица ги очекуваат дуели со еден од фаворитите за пласман на фајналфорот Израел, како и селекцијата на Црна Гора. „Посакувам две победи на последниот турнир во Струмица. Ќе имаме проблеми со Израел. Тие немаат пораз досега и се борат за место на Ф4. Ние играме пред празни трибини и ќе биде тешко, минус е за нас отсуството на публиката. Што се однесува до Црна Гора, оптимист сум и размислувам позитивно и убаво би било победнички да се одјавиме од годинешното натпреварување. Најважно е дека атмосферата во екипата е одлична и верувам дека тоа ќе го пренесеме и на теренот, а моите струмичани ги замолувам во што поголем број да дојдат в недела во салата ’Парк‘ и да ја поддржат репрезентацијата.“, посочи Љафтов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС почна и на ВМРО-ДПМНЕ да ги краде идеите и логоата-фотоАко порано крадеа логоа и слогани од други странски држави и партии, сега почнаа од нас да ги крадат. Во прилог фотографии од слогоата и логоата на ВМРО-ДПМНЕ и СДС на нивниот партиски конгрес. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСрбинот, Александар Станковиќ се врати во Интер! Српскиот играч од средниот ред Александар Станковиќ се враќа во Интер Милано по престојот во Клуб Бриж.Талентираниот фудбалер, роден во 2005 година, повторно ќе стане член на миланскиот гигант во трансфер што ќе се реализира на трајна основа, според италијанските медиуми. Синот на легендарниот Дејан Станковиќ, 20 годишниот Александар, ќе потпише петгодишен договор со Интер, кој ќе го врзе за клубот до летото 2031 година. Враќањето на младиот репрезентативец на Србија е потврда за довербата што Интер ја има во неговиот развој, откако претходниот период го помина стекнувајќи искуство во белгиското првенство. Минатата сезона, Станковиќ постигна девет гола со пет асистенции на 55 натпревари за белгискиот тим, додека претходната сезона имаше три гола и две асистенции на 38 настапи. Тој се враќа во Интер, каде што сè уште чека на своето деби за првиот тим, додека постигна околу 20 гола со околу 15 асистенции во помладите категории на „Неразура“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАндоновски: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци11:34Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
МакедонијаМанасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линијаИ покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија и бараат уставни измени.Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени. Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така. Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара. Наместо да застанат зад македонските интереси, тие спремаат уште поголемо предавство. Ги прашуваме СДС и Филипче, уште што повеќе сакаат да направат за да и наштетат на Македонија и да бидат запаметени во историјата како најголемите предавници на татковината? Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook