Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
2Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
ЖивотЛивит: Белата куќа нема да соработува со новинари кои го нагласуваат својот родов идентитетПортпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, денеска изјави дека нема да соработува со новинари кои во своите мејлови ги наведуваат заменките со кои сакаат да им се обраќаат или го нагласуваат нивниот родов идентитет.„Секој новинар кој ќе избере да вметне произволни заменки во биографијата, очигледно не се грижи за биолошката реалност или вистината и затоа не може да му се верува да напише искрена приказна“, изјави Ливит за „Вашингтон пост“. Белата куќа не одговори на дополнителните прашања на весникот за тоа кога ќе се спроведе формалната политика за ова прашање, ниту потврди дали таа ќе се однесува на целата кореспонденција меѓу новинарите и другите претставници на Белата куќа надвор од прес-службата. „Њујорк тајмс“ претходно објави дека на тројца новинари им биле одбиени одговорите од Белата куќа затоа што користеле заменки во нивните мејлови. Американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба на 20 јануари, на денот на неговата инаугурација, со која изјави дека официјалната политика на САД ќе биде признавање само два пола - машки и женски.Тагови: Белата куќа Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХоливудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавностаХоливудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста. Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката . Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век. Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години. Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман. Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година. Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година. Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.Кашкавал како залог за кредит? Оваа банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.Една италијанска банка го прифаќа кашкавалот „Пармиџано Реџано“ како залог за кредити и однапред им исплаќа на производителите меѓу 60 и 80 проценти од вредноста. Кашкавалот кој се произведува во големи бакарни казани, и на крајот завршува како големо тркало. Секое од нив тежи околу 40 килограми, а за неговото производство се потребни приближно 550 литри млеко. По солењето во саламура, тркалата се редат на дрвени полици, каде што зреат најмалку 12 месеци, а многу од нив и по две до три години. Токму овој долг процес на зреење создава проблем што нема многу врска со вкусот. Производителот на млеко има трошоци на секои 30 дена, додека пари од готовиот производ – сирењето – добива дури по една или две години. Помеѓу овие две точки постои јаз кој со векови претставува сериозен проблем за малите производители, бидејќи за време на зреењето нивниот капитал е практично „заробен“ на полиците. Решението што се применува во Емилија банка веќе седум децении звучи речиси неверојатно, но всушност претставува многу сериозен банкарски производ: сирење како залог за кредит. Италијанската банка „Credito Emiliano“ (позната како „Credem“) од Реџо Емилија ја спроведува оваа практика уште од далечната 1953 година. Производителот ги носи младите тркала од „Пармиџано Реџано“ во магацинот на банката; банката ги презема, ја проценува нивната вредност и одобрува кредит во висина од 60 до 80 проценти од таа вредност. Во меѓувреме, сирењето останува во магацинот на банката како залог и продолжува да зрее. Кога производителот ќе го отплати кредитот, сирењето го презема назад и го продава. Доколку не успее да го врати долгот, банката располага со стоката – која во меѓувреме честопати вреди повеќе отколку на денот кога била примена, што е прилично невообичаена карактеристика кога станува збор за залог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВидео: Паника во Глазгов: Змија напаѓа на улицаЗмија се појави пред луѓе и почна да ги напаѓа. Исплашеното животно е пронајдено на прометна улица, а еден минувач успеа да го фати и да го предаде на обезбедувањето.Необична глетка е забележана во Глазгов, каде што змија е пронајдена на прометна улица, а исплашеното животно се обидело да ги касне минувачите. Видео објавено на социјалните мрежи ја покажува змијата како одеднаш се нафрла на луѓето што минуваат и се обидува да ги касне за глуждовите. Глетката предизвикала страв кај минувачите, но експертите истакнуваат дека змиите од пченка генерално не се агресивни или отровни. Нејзиното необично однесување најверојатно било резултат на страв и стрес. Овој вид не е роден во Велика Британија, па затоа се претпоставува дека е изгубено или напуштено домашно милениче. Змиите од пченка природно ги населуваат југоисточните делови на Соединетите Американски Држави. Еден од случајните минувачи на крајот успеа да го фати животното и да го предаде на обезбедувањето во трговскиот центар „Сент Енок“. Тагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21