Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација
1Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација
МакедонијаЛишени од слобода двајца скопјани поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во СкопјеСе преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулацијаМицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората.Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните - нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности. Не му е важна на Мицкоски реформската агенда - тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж. Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж. СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја. Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес. Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации. Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората. Од што се плаши власта? Ако навистина нивната цел е фер и демократски изборен процес, тогаш зошто бегаат од механизам што обезбедува контрола, доверба и согласност меѓу сите политички чинители? Но, вистината е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме. Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола: Девет лица што управувале пловен објект биле под дејство на алкохолАкциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, вчера констатирани 52 прекршоци, девет лица што управувале пловен објект биле под дејство на алкохолВчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 пловни објекти. Кај 31 пловен објект и кај 31 лице, констатирани се 52 прекршоци и тоа: немање задолжителна опрема, управување необележан пловен објект, управување нерегистриран пловен објект, управуване пловен обект за време на забрана, управување пловило без одобрение за пловидба, превезување повеке патници од дозволеното, неносење пловидбена дозвола, и сл., а по извршено алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека се под дејство на алкохол. Кај пет лица кои вршеле изнајмување на педалинки, била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување. Целта на акциските контроли, кои ќе бидат редовни во текот на летото, е доследно почитување на одредбите на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на степенот на безбедност на вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за 1 денар по литарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,576%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,201%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,681% и кај мазутот намалување во просек за околу 0,967%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%. Од 7.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 85,50 (денари/литар) - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 87,50 (денари/литар) - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 82,50 (денари/литар) - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 81,50 (денари/литар) - Мазут М-1 НС - 41,230 (денари/килограм) Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,265 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter