Лишен од слобода маж од тетовско затоа што запалил оган во нива во Тетово - Канал 5

Лишен од слобода маж од тетовско затоа што запалил оган во нива во Тетово

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово. 

Лишен од слобода маж од тетовско затоа што запалил оган во нива во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, го лишиле од слобода С.С.(74) од тетовско Мала Речица, затоа што претходно околу 20 часот на неговата нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци.

-Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово. С.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 288 од КЗ ,,предизвикување општа опасност“, информираат од МВР.

Центарот за управување со кризи и институциите постојано апелираат земјоделците и граѓаните да се воздржат од палење на ниви и стрништа, поради високите температури и опаснсота од пожари.

Поради зголемената појава на пожари Владата на 8 јуни донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата, а дополнително од 1 јули на сила е забрана за движење во шуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Редовно одржување на фонтаните во Карпош

Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.

Редовно одржување на фонтаните во Карпош

Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалки, пумпи, како и делови од системите за филтрација и циркулација на водата.

Дополнително, извршена е проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивната функционалност, ефикасност и сигурност.

Со реализираните активности, Општина Карпош обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ

„Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски,.

Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија.

Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении подоцна, сè уште чека пристапните преговори суштински да започнат.

„Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски, додавајќи дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија.

Осврнувајќи се на напредокот на другите земји кандидати, „Политико“ наведува дека Црна Гора забрзано се движи кон членство, Албанија ги затворила првите три преговарачки поглавја, а Украина и Молдавија напредуваат во преговорите. Наспроти тоа, земјата нема затворено ниту едно поглавје во повеќе од 20 години.

„Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација“, нагласи Муцунски.

Во текстот се потсетува дека земјата го промени знамето во 1995 година, а името во 2019 година, по што нејзиниот европски пат беше блокиран поради барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот.

Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по „премногу“ направени отстапки, рече Муцунски, додавајќи дека Македонците се уморни од постојаното „поместување на целта“ и не веруваат дека Бугарија едноставно нема да побара нешто ново.

„Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија“, порача Муцунски.

Тој ја спореди ситуацијата со односите меѓу Ирска и Обединетото Кралство, оценувајќи дека нивните сложени разлики веројатно не би можеле да бидат надминати без заедничкото членство во Европската Унија.

„Бугарија, веднаш по нас, има најмногу да добие од напредувањето на нашата земја кон полноправно членство“, истакна Муцунски.

Министерот нагласи дека не смета оти би направил нешто корисно за државата доколку го критикува начинот на одлучување во Европската Унија. Истовремено, порача дека земјата го заслужила своето место во Унијата и дека очекува праведен, предвидлив и кредибилен пат напред.

„Нашата земја го нема луксузот да има алтернатива Б или алтернатива В“, заклучи Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Објавено најновото издание на Кавадаречки информатор

Првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев на Фејсбук објави дека е објавено Најновото издание на Кавадаречки информатор.

Јанчев: Објавено најновото издание на Кавадаречки информатор

https://kavadarci.gov.mk/sites/default/files/alfa/news/kav-informator/informator-juli-2026-koregiran.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер