3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелигенција
МакедонијаЛишен од слобода агентот за недвижности кој при продажба на станови оштети повеќе граѓаниАгентот за недвижности кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. МИА дознава од доброупатени извори дека Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама. Лицето, според информациите на МИА, е предадено на надлежна полициска станица за понатамошна постапка за потребите на истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје кое оформи предмет пред три дена по пријавите на граѓаните. Агентот е уапсен три недели по пријавувањето на случајот за кој пишуваше МИА во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра. Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра за еден ист стан, МИА откри дека двајцата купувачи платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра. Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје. Од Град Скопје за МИА изјавија дека поради тоа што случајот е во истражна постапка сите дополнителни информации се во тајност. Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната беа изоставени идентитетите. МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАвион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук. Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат. At least two dead as plane crashes onto German motorway and bursts into flames https://t.co/8KIzzR6Obu https://t.co/wTuAn8D6gK — Mirror Breaking News (@MirrorBreaking_) November 6, 2026 Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период. Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.Тагови: авион автопат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот системМиле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект. „Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков. Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно. „Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде: „Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрганизиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до БитолаНародната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства. Распоредот и местата на поаѓање се следниве: Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот; Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот; Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook