3ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба
МакедонијаЛина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. Ѓорческа точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис. Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова. На патот кон најголемиот светески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0,потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2). На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаПретрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин!Извршен е претрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин! Медиумите известуваат за дрога и нацистички симбол! Берлинското јавно обвинителство соопшти дека полицијата извршила претрес во домот на соработник на Кристин Бринкер – главниот кандидат на десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) на изборите во Берлин – пет дена пред одржувањето на изборите. Четириесет и осумгодишното лице е осомничено за кршење на германските закони за експлозиви и оружје, соопштија од обвинителството. Во вторникот, полицијата извршила претрес врз основа на судски налог во берлинската населба Лихтерфелде, изјави портпарол на јавното обвинителство како одговор на новинарско прашање. За случајот претходно известија весниците „Билд“ (Bild) и „БЗ“ (BZ). Од обвинителството соопштија дека не се пронајдени докази што би ги поткрепиле сомневањата. Сепак, полицијата заплени други предмети пронајдени при претресот. Тие сега мора да бидат подложени на форензичка анализа за дополнително да се утврди нивното значење во контекст на кривичното право, наведоа од обвинителството. Според медиумските извештаи, истражителите во неговиот дом пронашле дрога и нацистички предмети. Засега, тоа тврдење треба да се припише на медиумските извештаи, бидејќи обвинителството јавно не ги потврдило конкретните наоди. Портпаролот на AfD, Роналд Глазер, го опиша случајот како „приватна работа“. – Го чекаме исходот од истрагата – рече тој. „Билд“ (Bild) ја пренесе и изјавата на Кристин Бринкер. – Никогаш немав никакви индиции дека тој застапува такви ставови. Тој едноставно е колекционер.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ФудбалБаерн Минхен убедлив против Унион Берлин, 100 гол на Кејн за „Баварците“Фудбалерите на Баерн Минхен со „седмица“ дојдоа до победа против Унион Берлин, Кејн го постигна 100-тиот гол за БаварцитеФудбалерите на Баерн синоќа го декласираа Унион Берлин со убедливи 7:0 во четвртото коло од Бундеслигата. Џамал Мусијала погоди во 18. минута и покажа дека болеста е зад него, а потоа Хари Кејн од пенал во 39 минутаго постигна јубилејниот, својот 100-ти гол за Баварците. Кејн повторно се запиша во листата на стрелците во 54. минута, Мајкл Олисе постигна хет-трик (во 43., 73. и 76. минута), а Исмаил Саибари погоди во 70. минута. Баерн е лидер на табелата со 10 бода.Тагови: Баерн М. Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“ Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека договорот на САД со Данска и Гренланд претставува голема победа за американскиот народ.„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Држави и за американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД на Арктикот, без никаков трошок за американските даночни обврзници“, изјави Рубио во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X). Како што наведе тој, Гренланд засекогаш ќе биде дел од стратешката одбранбена зона на Северна Америка, што ќе го спречи присуството на кој било противник на таа територија и во нејзината околина. „Овој договор трајно и целосно ги решава прашањата за нашата национална безбедност поврзани со Гренланд“, заклучи Рубио. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави постигнале договор со Данска и Гренланд, кој, како што наведе, му обезбедува на Вашингтон трајна контрола врз безбедноста и други прашања поврзани со Гренланд. Според него, договорот предвидува дека ниту еден противник на САД нема да може да воспостави база или воено присуство, ниту пак да реализира чувствителни инвестиции на Гренланд, без изречно писмено одобрение од Вашингтон.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook