Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс прослави 15 години постоење - Канал 5

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс прослави 15 години постоење

Овој месец, Еуроимпекс одбележува 15 години постоење на лимаро-фарбарскиот центар!

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс прослави 15 години постоење

Од почетокот на работењето на лимаро-фарбарскиот центар до денес, професионалците во тимот се имаат погрижено за преку 12.000 возила. Сега откако Еуроимпекс е генерален увозник ѝ за брендот Opel, се очекува бројот на задоволни клиенти да биде мултиплициран.

„Навистина импресивно и по малку носталгично звучат 15 години. Паметам кога го донесовме првото возило во работилницата и кога возбудата беше многу голема.

Денес сме авторизиран лимаро-фарбарски центар за два реномирани автомобилски бренда, кои компанијата Еуроимпекс ги застапува Peugeot и Opel.

Нашиот тим го сочинуваат 10 лица, врвни професионалци. Опремени сме со најсовремена технологија потребна за функционирање на еден врвен лимаро-фарбарски центар. Користиме авторепаратурни материјали од светски брендови, најнова опрема и секако оргинални резервни делови, кои подлежат под гаранција од принципалот Stellantis. Тоа се многу значајни предуслови за квалитетно завршена поправка и задоволни клиенти.“ – Изјави Менаџерот на лимаро-фарбарскиот сектор Александар Арнаудовски.

Долгогодишното искуство и постојаното вложување во практични и теоретски обуки на тимот, како и активното следење на трендовите и користењето на најнова опрема за мерење и поправка на геометријата на возилата, користењето на најнови материјали согласно ЕУ регулативите, не остава простор за сомнеж дека работењето беспрекорно ќе се преточи и кон германскиот бренд на Blitz.

„Лимарискиот центар на Еуроимпекс, го сочинуваат тим на професионалци на кој сме особено горди. Функцијата на тимот е високо сензитивна, најчесто се работи со клиенти кои имале немил настан или биле сведоци на истиот. Нам пред сѐ ни е од голема важност да помогнеме во сите ситуации каде тоа е можно и да градиме односи на доверба. Обрнуваме посебно внимание на односот со нашите клиенти, а потоа возилото да го доведеме во беспрекорна состојба, како што било и претходно.“ изјави Извршниот директор на Еуроимпекс, Зоран Серафимовски.

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, ги понудува следниве услуги:

- авторепаратурна поправка на возила,

- ситни козметички корекции на каросеријата,

- поправка-Репарација на ветробрански стакла,

- полирање на предни фарови и задни штопови на возила,

- комплетно полирање на цело возило со адекватна заштита.....

Во моментов лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, за двата брендови Peugeot и Opel се наоѓа во просториите на Бул.Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје, во сервисниот центар Peugeot.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер