Лимани не е единствениот што е во затвор поради прекршување на полицискиот час

Канал 5 сторија: Зошто лица со психијатриски досие и бездомници се во затвор поради прекршување на полициски час?.Случајот со Ментор Лимани кој е во затвор поради прекршување на полициски час, не е единствен. 

Зоран Василевски од Хелсиншкиот комитет објаснува дека застапувал бездомник три пати кој бил надвор за време на полициски час и тој сега треба да одлежи казна затвор една година. Социјално ранливите категории – граѓани кои имаат психички проблеми, бездомници, граѓни кои немале можност да се информираат дека имало полициски час судот кон нив треба да има разбирање.

За Василевски важно е итно носење на Закон за аменсетија каде се опфатени категоријата на социјално ранливи граѓани како Лимани и бездомниците кои не можеле да ја платат сметката од две илјади евра за прекршување на полициски час, а лежат со месеци во затвор.

Ментор е во затвор три месеци тој добил пресуда три месеци затвор неговиот брат вели дека Ментор е лице со психијатриско досие и не знаел ни што пандемија, ниту занел за полициски час. Братот вели дека реагирал до полиција, но дали реакацијата била пратена до обвинителство тој не знае. Во основниот кривичен суд во Скопје за две години биле поднесени 967 казнени налози за прекршување на ковид-мерките.

Секс-бомбата бара момче: Треба да биде богат и убав

Откако пропадна љубовната врска на познатата манекенка Ирина Шајк и играчот на НФЛ Том Брејди, таа сега бара ново момче, изјави извор за „Page Six“.

- Потребна и е позната личност која изгледа добро и има пари. Колку такви има? Пет, десет? - изјави изворот.

Изворот како една од можностите го предложи од неодамна слободниот Том Круз. Ѕвездата од „Топ Ган“ неодамна раскина со Русинката Елсина Каирова.

Извор: Аваз

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

притисни ентер