Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
2Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
3Николоски: Имаме договори со Хрватска, Швајцарија и Романија,во октомври очекувам договор со Словенија
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
3Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
Шоу бизЛили Гледстоун прва домородна Американка која доби „Златен глобус“ за најдобра глумицаЛили Гледстоун деновиве влезе во историјата како првата домородна Американка која ја доби наградата „Златен глобус“ за најдобра глумица, за нејзината улога во „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon). Таа глуми жена од народот Осејџ, чие семејство систематски се убиваат меѓу себе. Таа е номинирана и за годинашниот „Оскар“ за главна женска улога. Филмот пак, има вкупно 10 номинации за „Оскарите“. Примајќи го признанието „Златен глобус“, Гледстон ѝ се заблагодари на својата нација, како и на режисерот на филмот - Мартин Скорсезе, колегата и извршен продуцент, Леонардо ди Каприо и на Роберт де Ниро. Таа потоа проговоре и за Домородните Американци. - Ова е за секое мало дете од резерватите, секое мало урбано дете, секое мало домородно дете кое има сон, кое се гледа себеси претставено и нашите приказни раскажани... Самите ние - со наши зборови, со огромни сојузници и огромна доверба покрај сѐ друго, рече наградената. И сонародниците ја покажаа својата поддршка за успешната глумица. Меѓу другите, и Стерлин Харјо, кој работел со Гледстоун во две епизоди од неговата позната ТВ-серија „Кучињата од резерватот“ (Reservation Dogs), се согласи со пофалбите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одморЕден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ. Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ. Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму. – Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии. Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед. Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.Тагови: Роџер Федерер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби. Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола. Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан. За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје. Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook