Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
1Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
МакедонијаЛидерски самит ЕУ – Западен Балкан во Тирана Македонија останува посветена на европските интеграции, но тие немаат суштина ако билатералните прашања бидат фактор што одлучува дали државите ќе станат полноправни членки на Унијата, ова е пораката која премиерот Христијан Мицкоски.Македонија останува посветена на европските интеграции, но тие немаат суштина ако билатералните прашања бидат фактор што одлучува дали државите ќе станат полноправни членки на Унијата, ова е пораката која премиерот Христијан Мицкоски ја упати од Тирана, на лидерскиот самит посветен на Планот за раст. Мицкоски нагласи дека земјава премногу долго е во пристапниот процес и фокусот, како што рече, сега е ставен на развојната агенда... најави дека до крајот на годинава да бидат реализирани најмалку осум од преостанатите чекори. -Навистина не гледам повеќе суштина како билатералните пролеми одлучуваат дали земјите ќе станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која ја гледам е испораката на реформите, ако е така, ние како држава ќе бидеме компетитивни, и убеден сум ние ќе бидеме тие кои ќе стигнат до финалната цел. / Јас повеќе сум фокусиран тука на развојната агенда, односно развојниот план/ До крајот на годината очекувам, најмалку 8, а богами можеби и 10 од 12 неисполнети чекори да бидат реализирани, остануваат два проблематични,- - Христијан Мицкоски – Претседател на владата. Самитот во палатата на Бригадите во албанската престолнина го отвори премиерот Еди Рама кој во воведниот говор порача дека регионот не моли за место во Унијата, туку секој ден докажува дека припаѓа таму. Рама нагласи дека целта е западен Балкан да се развива заедно со Унијата, а не на нејзина сметка. Дека Брисел е подготвен за заеднички напредок потврди и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Намерата како што кажа таа е регионот заедно да напредува, а целта е земјите да станат полноправни членки со како што потенцираше, целосни права. -Западен Балкан не бара услуги и тоа е нешто што може да се почувствува и да се слушне во секоја изјава на секој од лидерите околу масата. Никој не бара услуги, никој не плаче за некакви „слатки“, секој доаѓа со гордост да понуди вредности и да понуди пот и солзи, му благодарам на бога, крв не е потребна. Ние не молиме да влеземе во ЕУ, ние докажуваме дека ние секој ден сме се по подготвени,- - Еди Рама – Премиер на Албанија. -Нашата амбиција е сите земји да напредуваат истовремено и не сакаме да се развиваат нови празнини меѓу шесте земји од западен Балкан, бидејќи на крајот, сите земји од западен Балкан припаѓаат во ЕУ. Сите земји од западен Балкан треба да станат полноправни членки на Унијата, со, и нагласувам, со целосни права како потврда за целосното усогласување со законите на ЕУ и уште поважно, со вредностите на ЕУ,- - Марта Кос – Еврокомесарка за проширување. Разговорите на шесте лидери во Тирана во главно беа фокусирани на продлабочување на економската и институционална интеграција на земјите од западен Балкан во единствениот европски пазар, преку клучни иницијативи од планот за раст, меѓу нив за роаминг, приклучувањето кон Сепа, зелените коридори и новата фаза од заедничкиот регионален пазар. Тагови: Еди Рама ЕУ Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на судНајостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17. Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ. Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПод пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми. Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP. Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур. Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.Тагови: пустина извори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој. Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X. Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.Тагови: Доналд Трамп Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook