КошаркаЛидерот во Западната конференција поуспешен од Вашингтон Кошаркарите на Голден Стејт ноќеска постигнаа победа на гостувањето кај Вашингтон. Предводник на триумфот беше Стеф Кари, кој постигна 32 поена. Екипата на Вашингтон иако имаше подобар процент на шут од игра - 53,2 % наспроти 50% на противникот, го загуби натпреварот поради големиот број загубени топки, вкупно 26, додека Голден Стејт имаа девет. Резултати на ноќешните НБА натпревари: Вашингтон – Голден Стејт 107:114, Детроит – Кливленд 93:102, Оклахома Сити – Индијана 105:92 и Далас – Торонто 99:92. Пласман Источна конференција: Атланта 44-12 (победи-порази), Торонто 37-19, Чикаго 36-21, Кливленд 35-22, Вашингтон 33-23, Милвоки 31-25, Мајами 24-31, Бруклин 23-31,... Пласман Западна конференција: Голден Стејт 43-10, Мемфис 41-14, Хјустон 38-18, Портланд 36-19, Далас 38-20, ЛА Клиперс 37-20, Сан Антонио 34-22, Оклахома Сити 31-25,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени09:00Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСДСМ: Мицкоски со пионот на Вучиќ прави енергетски договорНајпосле Христијан Мицкоски ќе го легализира својот бизнис со струја.Како? Со Вучиќ. Вчера Мицкоски се сретна со Ѓуро Мацут - човекот кого само Вучиќ го нарекува премиер, на неочекувана посета, иако Мацут во Охрид се чувствува како дома. Целта: да ја официјализира соработката меѓу СНС и криминалната организација ВМРО. Со Душан Адамовиќ, високиот член на СНС, почесен конзул на Македонија, Мицкоски веќе има соработка, офшор фирми за продажба на електрична енергија. Сега со Мацут тоа ќе го официјализираат. Оваа балканска организирана криминална група, под водство на Вучиќ, а во Македонија под водство на Мицкоски, сега ќе ја легализира и продажбата на струја преку своите структури. Вучиќ ја легализираше корупцијата преку Експо 2027. Мицкоски тоа сака да го направи преку Скопје 2028. Кога ќе го завршат - криминалот и корупцијата ќе бидат легитимни. Повеќе нема да мораат ниту да се мачат со тендери, па ДКСК и Обвинителството да ги бранат. Кога ќе го изгласаат законот - парите и провизиите ќе одат директно во џеб. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени09:00Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
КултураКвартет „Сигнум“-индивидуална харизма споена во заедничко музицирањеЧетворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“ беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го одржаа вчеравечер во црквата „Света Софија“.Преку нивните импресивни виртуозни вештини публиката уживаше во музика од Хенри Персел, еден од најзначајните англиски композитори од епохата на средниот барок. Магичната вечер продолжи со гудачки квартет од Антони Дворжак аранжиран за квартет саксофони од страна на „Сигнум“, а заврши со двајцата великани во американската уметност, Џорџ Гершвиш и Леонард Бернштајн. Тенор саксофонот Алан Лужар потсети дека овој ансамбл биле дел од програмата на „Охридско лето“ во 2015 година. -Многу се радуваме што по толку години повторно се враќаме во Охрид. Овде се чувствуваме прекрасно и драго ни е што ја делиме музиката со публиката. Квартетот саксофони е формиран пред 15 години, едноставно во студентските денови. Светот на саксофонистите е мал и така се запознавме. Свириме од 60 до 70 концерти годишно на сите континенти, рече Лужар. Стилот што го негуваат како квартет „Сигнум“ претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на модерното време. Веќе од првите тонови на нивната изведба, овие музичари започнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање. Без разлика дали станува збор за оригинални композиции напишани за квартет саксофони или пак аранжмани на оркестарски дела, барокни композиции или рок-музика – љубовта со која „Сигнум“ им пристапува прави да можат убедливо да изведуваат музика од сите епохи и жанрови. Честопати се вели дека е тешко со зборови да се опише нивното мајсторско свирење – единствен начин е тоа да се доживее при изведбата во живо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАфрим Гаши: Честит 2 Август – Ден на Републиката!По повод 2 Август – Ден на Републиката, во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, ви упатувам најискрени честитки. Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. 2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински (1944). Овие два историски настана го претставуваат континуитетот на стремежот кон држава изградена врз слободата, демократијата и одговорноста кон граѓаните. Но, тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. Тој нè повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката, нè мери според начинот на кој ги почитуваме институциите, како ја штитиме демократијата, како се слушаме едни со други и како заедничкиот интерес го ставаме над поделбите. Затоа, да го искористиме овој ден за да ја обновиме нашата заедничка посветеност: институциите да бидат пример за интегритет, медиумите глас на јавната одговорност, граѓаните активни учесници во демократијата, а секој од нас промотор на довербата, правдата и соживотот. Убеден сум дека, зачувувајќи го духот на соживотот и промовирајќи дијалог, почит и институционална одговорност, ќе продолжиме да чекориме напред кон поразвиена, подемократска и попросперитетна држава, цврсто поставена на неповратниот пат кон европската интеграција. Тоа е најдостоинствениот начин да ја оддадеме почитта кон Република Македонија. Африм ГашиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook