Лидерот на француските републиканци сака сојуз со екстремната десница: Зборуваме исто

Лидерот на француските конзервативни републиканци, Ерик Чиоти, денеска повика на сојуз меѓу неговата партија и партијата Национален митинг (РН) на Марин Ле Пен.

„Ги кажуваме истите работи, па да го запреме ова имагинарно противење“, изјави Чиоти за телевизијата TF1.

Пред тоа, Чиоти разговараше со лидерите на РН, Ле Пен и 28-годишниот Џордан Бардел. Тој се одлучи на овој потег за да се погрижи републиканците да имаат доволно пратеници за да формираат пратеничка група. „Ни треба некаков сојуз и тоа е она што го нудам“, рече тој, додавајќи дека „тоа го сака мнозинството гласачи“.

Чиоти дојде од поконзервативното крило на републиканците, а неговиот повик може да предизвика раздор во нивните редови. Членовите на центарот веќе најавија дека нема да поддржат таков потег. Републиканецот Жерар Ларше, претседател на францускиот Сенат, рече дека Чиоти мора да се повлече од лидерската позиција на партијата. Оливие Марле, лидерот на партијата во Долниот дом на парламентот, рече дека нема да поддржи „никаков договор“ со екстремната десница.

Националниот собир, убедливиот победник на европските избори во Франција во неделата, е фаворит и на парламентарните избори за три недели, иако тешко ќе може самостојно да формираат мнозинство. Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да распише предвремени избори откако неговата партија доби речиси двојно помалку гласови. Републиканците завршија само петти на истите избори.

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

Папата Франциск испрати сочуство по повод трагедијата во Кочани

Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.

Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.

Тој исто така увери дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.

притисни ентер