Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина - Канал 5

Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за предлогот на Европската комисија за користење на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. заем за репарација за финансиска поддршка на Украина.

Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за предлогот на Европската комисија за користење на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. заем за репарација за финансиска поддршка на Украина за 2026 и 2027 година.

Во заклучоците од вчерашниот Самит на ЕУ, усвоени доцна синоќа, во делот за Украина воопшто не се споменуваат руските средства, само се наведува дека Европскиот совет ги разгледал најновите случувања во врска со земјата и лидерите имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како анекс на документот, но не и негов официјален дел, се објавени и предлог-заклучоците за Украина за кои се вели дека биле „цврсто поддржани од 26 шефови на држави или влади“.

Белгискиот премиер Барт де Вевер вчера при пристигнувањето на Самитот најави дека ќе се спротивстави на носење политичка одлука за користење на руските средства, доколку не добие доволно гаранции од другите земји членки за споделување на ризикот од ваквата постапка.

Според извори во Советот, лидерите се обврзале да и ја обезбедат на Украина потребна финансиска поддршка за 2026 и 2027 година, и наложиле на Европската комисија што е можно поскоро да изнајде „опции“ за обезбедување на овие средства и се договориле на ова прашање да се навратат на следниот Самит на ЕУ во декември.

Во делот од заклучоците посветени на Блискиот Исток се поздравува постигнатиот договор за првата фаза од Сеопфатниот план за ставање крај на конфликтот во Газа, предложен од американскиот претседателот Доналд Трамп, како и исходот од Мировниот самит во Шарм ел-Шеик, одржан на 13 октомври 2025 година. Исто така, се повикуваат сите страни целосно да се посветат на спроведување на сите фази од договорот и да се воздржат од какви било активности што би ја загрозиле спогодбата.

- Европскиот совет ја повторува посветеноста на Европската Унија кон меѓународното право и кон сеопфатен, праведен и траен мир заснован на решението за две држави во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, каде што две демократски држави Израел и Палестина живеат една до друга во мир во рамките на безбедни и признати граници, се вели во заклучоците.

Лидерите го поздравуваат го ослободувањето на сите заложници што ги држеше Хамас и повикуваат на итен и непречен пристап и одржлива дистрибуција на хуманитарна помош во голем обем во Газа, со цел да се ублажи тешката хуманитарна ситуација.

- Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Палестинската самоуправа, вклучително и во нејзините тековни реформи и со цел нејзино враќање во Газа. Европскиот совет ја нагласува важноста од деескалација на состојбата на Западниот Брег, вклучително и во Источен Ерусалим, и повикува на прекин на насилството на доселениците, вклучително и врз христијанските заедници, и на проширувањето на населбите, кои се нелегални според меѓународното право, и на запирање воената операција на Израел. Го повикува Израел да го поништи планот за населба Е1, кој дополнително го поткопува решението за две држави, се вели во заклучоците.

Во нив се поздравуваат и напорите на новите либански власти за стабилизирање на економската и безбедносната состојба во Либан и се поддржува планот на Владата за воспоставување монопол на државата врз поседувањето оружје.

Лидерите ја афирмираат и својата поддршка за мирна и инклузивна транзиција во Сирија без штетно надворешно мешање и ја нагласуваат важноста на заштитата на правата на сите Сиријци и на транзициската правда и помирувањето.

- Европската Унија ќе продолжи да го поддржува патот на Сирија кон стабилизација и реконструкција, се додава во заклучоците.

Во врска со „предизвиците со домувањето со кои се соочуваат многу граѓани во Европската Унија“, Европскиот совет ја повикува Комисијата итно да подготви амбициозен и сеопфатен план за прифатливо домување, чија цел треба да биде да ги поддржи и надополни напорите на земјите членки за надминување на овој проблем.

Лидерите разговарале и за напредокот во спроведувањето на нивните претходни заклучоци за миграцијата и повикале да продолжат напорите за усвојување на релевантните законски предлози за миграцијата како прашање од приоритет.

Европскиот совет ја поздрави и цврста посветеност и ефикасните мерки на властите на Молдавија за заштита на интегритетот на неодамнешниот изборен процес и за обезбедување слободни и фер избори и покрај континуираните руски хибридни активности за поткопување на демократските институции на земјата.

- Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со Република Молдавија за да ја зголеми отпорноста и стабилноста на земјата и да се стреми да извлече поуки од искуството на земјата, се вели во документот.

Во заклучоците се потврдува и цврстата поддршка на ЕУ за европскиот пристапен пат на Молдавија и се поздравува „значајниот напредок“ што земјата го постигнала досега.

- Европскиот совет ги охрабрува Република Молдавија, Советот на ЕУ и Комисијата да продолжат со работа на пристапниот процес во согласност со принципот базиран на заслуги. Кластерот „Основни вредности“ ќе биде отворен прв и затворен последен, а кластерите ќе бидат отворени кога ќе бидат исполнети условите во согласност со методологијата за проширување. Европскиот совет целосно ја зема предвид проценката на Комисијата дека кластерите „Основни вредности“, „Внатрешен пазар“ и „Надворешни односи“ се подготвени за отворање, се додава во заклучоците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер