Личниот интегритет на судиите еден од најважните фактори за независен и транспарантен правосуден систем

Судиите можат да бидат жртви на опструкција и попречувани во нивниот секојдневен професионален ангажман, но постојат и случаи тие да бидат и сторители на такво кривично дело. 

Станува збор за личен избор, дали во вашето работење ќе ја попречувате правдата или не. Од вас како лидери, ментори, колеги во судскиот систем бараме да го штитите системот од такво однесување, бидете пример за интегритет. Ова на учесниците на меѓународната судиска конференција на тема „Попречување на правдата како закана за судската независност и транспарентност" што се одржува во Охрид им го порача Дајана Палеквин, политички офицер во Амбасадата на САД.

– Се спротивставуваме на какви било надворешни влијанија врз судството, било од Владата или политички партии, потребен е систем на проверки. Непристрасноста на судиите како јавни службеници е главната гаранција за еднаквост на граѓаните пред правдата, рече таа.

Палеквин уште во обраќањето посочи дека се забележани ситуации судии да носат одредени одлуки во кои изгледало дека пресудуваат на начин на кој се чини дека се усогласуваат со политичката агенда во државата или некоја политичка партија, со цел напредување во кариерата или избегнување проблеми на работното место.

– Тоа е опструкција, попречување на правдата. Таквите случаи се тешко мерливи, уште потешко да се пријавуваат или процесуираат, но во секој случај се многу штетни за владеењето на правото. Сметам дека тоа е системска грешка, доколку системот поттикнува таков вид однесување и носење одлуки, тоа е грешка на системот, рече таа, притоа нагласувајќи дека последните години забележан е напредок во проблематиката, со очекување во иднина тој проблем ќе биде се помалку присутен во правосудниот систем.

Им порача на судиите да не дозволат недонесувањето на одлуката за преговори со ЕУ или предвремените избори да бидат оправдување за забавување или запирање на напредното движење нотирано во реформскиот процес, а добрите практики во почитувањето на законите да одат рака под рака со институционалните подобрувања.

Претседателот на Здружението на судиите Џемаил Саити истакна дека е тешко да се донесе оценка колкаво е влијанието на политиката или одредени целни групи врз судиите, бидејќи не секогаш судиите ги пријавуваат таквите појави.

– Тука би истакнал дека поризични се појавите на клиентелистичко однесување на судии. Најдобра одбрана од влијанието е личниот интегритет на судијата, доколку ние носиме добри, конкретни одлуки засновани врз закон, сигурно и обидите за влијание ќе бидат намалени. Прашање на секој судија е поединечно како тој тоа го цени и колку е резистентен на влијание, но и колкави се индивидуалните капацитети за проценка дали воопшто се работи за влијание, рече Саити.

Тој смета дека е остварен напредок во правосудниот систем, но реторички запраша дали е доволен, дали соодветствува на посакувањата.

Лазар Нанев, судија од Основниот суд во Кавадарци, посочи на генералната перцепција кај јавноста и меѓународната заедница е за реално постоење влијанија врз судството во земјата, забележано со одредени судски одлуки во изминатиот период што влијаеа врз целокупниот општествен живот во земјата, но нагласи дека полека но сигурно судството се ослободува од тие стеги.

– Верувам дека со поддршка и на Здружението и меѓународната заедница, самите судии одвнатре ќе успеат да го подигнат својот интегритет, и да создадат капцитети за напредок кон независно и самостојно судство во земјата. По однос амбиентот мислам дека се создава позитивна клима, што се гледа преку се поотворените дебати, судиите отворено говорат за своите проблеми, рече Нанев.

Дводневниот собир во Охрид организиран од Здружението на судиите на Република Македонија, Амбасадата на САД и CEELI Институтот за владеење на правото од Прага има за цел адресирање на клучните проблеми во домашното правосудство, преку дебата меѓу судиите, размена на мислења и меѓународни искуства во извршувањето на судиската функција и соработка со другите странки во кривичната постапка да се придонесе кон унапредување на принципот на владеење на правото./МИА

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска полицијата преку објава на апликацијата Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот убиени се двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. Потоа по нив беше распишана потерница. /МИА

За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 286 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.

Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.

На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.

За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија. /МИА

притисни ентер