Лицата со попреченост не треба да вадат дозвола за движење, со себе да носат наод

Викендов важи 61-часовна забрана за движење, но лицата со попреченост можат во сабота и недела од 11:00 до 13:00 часот да бидат надвор, со придружник а во работните денови од 19:00 до 20:00 часот.

На актуелни прашања за социјалните мерки што ги донесе Владата на Република Македонија, во рамки на серијата информативни видеосесии „КОВИД-19, прашања и одговори", вчера одговараа заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ.

„Викендов важи 61-часовна забрана за движење, но лицата со попреченост можат во сабота и недела од 11:00 до 13:00 часот да бидат надвор, со придружник а во работните денови од 19:00 до 20:00 часот. Владата одговори на барањата на лицата со попреченост затоа што за нив движењето е терапевтска активност", рече Шкријељ, објаснувајќи дека тие не треба да вадат дозвола за движење, туку со себе треба да имаат наод или решение кое ја докажува попреченоста.

Заменик министерот Бајрактар разјасни што наложува Уредбата за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во делот на одморите.

„Работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, треба да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. Што се однесува на годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, треба да го искористат до 30 јуни 2020 година", рече Бајрактар, потсетувајќи дека годишниот одмор е календарска категорија и треба да се користи, по правило, во годината за којашто се однесува. Секој работник кој е во работен однос најмалку шест месеци во претходната година, со право на годишен одмор не се стекнува на 1 јули, туку на 1 јануари.

Бајрактар посочи дека одредбите за користење на одморот се однесуваат за вработените опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, и не важат за работниците кои всушност би работеле и од дома, односно од далечина. Затоа и Уредбата вели “…согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот”. Уредбата има за цел да биде во корист на одржување на работата и работните процеси, секако таму каде што е можно, а онаму каде што не е, состојбата да не предизвика дополнителни трошоци за работодавачите.

За работниците во јавниот сектор донесена е посебна уредба согласно која оние работници кои се работно ангажирани за времетраење на времените мерки, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице на институцијата. Заменик министерот Бајрактар објасни дека на оние вработени во јавниот сектор кои се ослободени од работа, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година ќе им се смета за искористен. Исклучок се работниците во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана и Армијата, јавните здравствени установи, царинските службеници, единиците за противпожарна територијална заштита, во инспекциските служби, како и лицата што работат во старечките домови, и за нив важи дека неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година, кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 31 декември 2020 година.

Дополнителната заменик министерка Шкријељ укажа дека сите мерки кои ги имплементира Министерството за труд и социјална политика, и пред состојбата со коронавирусот и посебно сега, се насочени кон ранливите групи.

„Ние го прилагодуваме целиот систем на социјална заштита да овозможи брз влез на сите домаќинства кои останале без приходи. Корисниците на гарантирана минимална помош, околу 30.000 лица, ќе добијат и дополнителна исплата на енергетски додаток од 1.000 денари во април и мај, инаку законски тоа право се исплаќа од октомври до март. Во услови кога сите потенцираме колку е битна хигиената, за семејствата што живеат во супстандардни услови, од почетокот на времените мерки, министерството испорача над 600 пакети со хигиенски продукти. Со УНИЦЕФ обезбедуваме и втора тура хигиенски пакети за помош. Постојано работиме со нашите партнери, со Црвен крст и преку Центрите за социјална работа за да им помогнеме на најранливите семејства. Заедно со УНДП воспоставивме сервис кој е насочен кон лицата со попреченост и старите лица, да им помогне во секојдневното функционирање, во 27 општини", рече Шкријељ.

Благодарејќи на меморандумот потпишан помеѓу Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација и Македонски Телеком 30.000 деца од семејства со социјален ризик, ќе можат да користат бесплатен интернет за следење на онлајн настава. Дистрибуцијата на картичките ќе се организира преку центрите за социјална работа.

Шкријељ одговарајќи на прашањето што да прават секундарните родители кои не живеат со децата, затоа што мајките не им дозволуваат да ги гледаат децата а како причина ја наведуваат заштита на детето од вирусот, потсети дека во Законот за семејство не постои поделба на родителите на секундарен и примарен родител, бидејќи двајцата родители се должни совесно и одговорно да ги извршуваат родителските права и обврски и да се грижат за заштита на здравјето на децата.

Најважно, според Шкријељ, во услови на пандемија на коронавирусот, е родителите да го прилагодат движењето на децата согласно препораките на Владата за постапување во услови на вонредна состојба и воведениот полициски час.

„Она што го препорачуваме е родителите да се договорат за начинот на одржување на контактите на децата со родителот со кого не живеат, а притоа децата да не бидат изложени на опасностите кои со себе ги носи оваа пандемија", рече Шкријељ, дообјаснувајќи дека центрите за социјална работа како надлежни органи им се на располагање на родителите за обезбедување на неопходната стручна и советодавна поддршка при договарање на начинот на одржување на односите меѓу родителите и децата.

Влада на Република Македонија

Совршен трик за сместување на долгите зимски јакни во плакарот (видео)

Нема да се туткаат, а се отвора и повеќе простор 

Долгите зимски јакни честопати создаваат неред во плакарите.

Зимата конечно заврши и деновите стануваат сè потопли. Многумина веќе ги одложија долгите зимски јакни и палта кои повеќе нема да им требаат. Меѓутоа, проблемот е што оваа зимска облека е гломазна, тешка и обично зафаќа многу простор во плакарот.

Сепак, како што сподели една „инфлуенсерка“, постои трик за тоа како да ги наредите гломазните дебели јакни да не прават неред во плакарот, а сепак да се сочуваат на најдобар начин до следната зимска сезона. Во видеото на Инстаграм на страницата nest_in_order, кое се занимава со уредување на домот и едноставни трикови, откриен е метод како да сместите долга јакна во плакарот.

Потребно е само да ја закопчате јакната, да ги прекрстите ракавите на задната страна и да го свиткате долниот дел со горниот дел, односно да го повлечете нагоре, и со помош на патентот да ја закачите за закачалката. На овој начин јакната ќе се „скрати“, но ќе се здипли без да се тутка и да зафаќа дополнителен простор во плакарот.

Многу дами ѝ се заблагодарија на „инфлуенсерката“ за споделениот трик, велејќи ѝ дека им го олеснила животот и дека не треба да се грижат за тоа како да ги наредат нивните јакни.

- Изгледа одлично.

- Јасно и толку едноставно.

- Само ако јакните имаат двоен патент.

– Сега се чувствувам толку глупаво – беа дел од коментарите.

Многумина се согласија дека овој трик им помогнал подобро да го организираат сопствениот плакар, особено ако имаат повеќе вакви јакни. Како што предупредија корисниците на социјалните мрежи, овој трик е совршен за долги јакни со пердуви, но не и за капути кои се направени од штоф. Таквите капути најдобро е да ги оставите да висат, инаку штофот може да се превитка и ќе имате проблем кога ќе го облечете вашиот омилен капут повторно кога ќе дојде време за него.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

притисни ентер