Либан повикува на засилен притисок врз Израел за запирање на воените напади

Министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Боу Хабиб, ги повика другите држави да покажат солидарност со Либан и да го зголемат притисокот врз Израел за да ги запре нападите.

Боу Хабиб во соопштение потсети дека некои држави издаваат предупредувања за патувања поради постојаните израелски закани кон Либан.

„Во рамките на оваа систематски спроведена кампања на психолошки притисок, овие изјави што предизвикуваат вознемиреност меѓу граѓаните и посетителите треба да се заменат со ставови што изразуваат солидарност со Либан,“ изјави Боу Хабиб.

Тој повика на посилен притисок врз Израел заради заштита на безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет на Либан.

Напнатоста по должината на либанската граница со Израел се зголеми поради прекуграничните напади помеѓу Хезболах и израелските сили, додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива врз Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година се убиени над 37.700 луѓе. /МИА

Турција одбила да се приземји авион од Израел- сакале итно да слетаат поради болен патник

Авион на израелската авиокомпанија Ел Алџет, на пат од Варшава кон Тел Авив, принудно слетал во Анталија, Турција, поради здравствен проблем на еден патник.

По кратка консултација со докторот, одлучено е авионот да се приземји во Анталија, што наводно Турците го одбиле.

Според податоците на Flight Radar, авионот бил пренасочен кон Родос за да наполни гориво, пренесува Bild.

Од почетокот на војната против Хамас, откажани се сите директни летови од Израел до Турција.

Турција во мај објави дека ќе го запре целиот извоз и увоз од Израел најрано до 26 октомври 2024 година.

Инаку, турската авиокомпанија беше една од водечките во Израел по број на патници, но од 10 октомври ги откажа своите операции во таа земја.

Средба на министерот Тошковски со американската амбасадорка Агелер

Министерството за внатрешни работи во следниот период ќе биде фокусирано na борбата против организираниот криминал и корупцијата, како приоритет што е еден од главните столбови на владината програма.

Министерството за внатрешни работи во следниот период ќе биде фокусирано na борбата против организираниот криминал и корупцијата, како приоритет што е еден од главните столбови на владината програма, истакна министерот Панче Тошковски на денешната работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

Тој изрази благодарност за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави постојано и ја дава на земјава, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата, со акцент на обуки на персоналот и набавка на опрема.

Амбасадорката Агелер му се заблагодари на министерот Тошковски за континуираната одлична соработка на двете држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и соработка и во наредниот период.

Со два хеликоптера на МВР е изгаснат пожарот во крушевско (ВИДЕО)

Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици, денеска го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, информираат од МВР.

- По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат, соопштија од полицијата.

притисни ентер