Левица бара собраниската Комисија за деловнички прашања да му изрече суспензија на Џафери

Од објавувањето на аудиоснимката на која се слуша Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како им вика и со најпогрдни пцости ги малтретира и омаловажува вработените во Собранието, изминаа два дена.

Од објавувањето на аудиоснимката на која се слуша Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како им вика и со најпогрдни пцости ги малтретира и омаловажува вработените во Собранието, изминаа два дена, а Талат Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден.

Остро го осудуваме ваквото однесување кон државните службеници и сметаме дека е недозволиво пратеникот Талат Џафери да продолжи на функцијата Претседател на Собранието, којашто дополнително нашиот Устав ја третира и како Заменик претседател на Република Македонија.

Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од 11 јуни 2018 година и измените од 28 јануари 2019 година, најмалку што очекуваме е дека, во најкраток временски рок, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе изрече јавна опомена и суспензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец.

Од приложената снимка, се гледа дека самиот Талат Џафери ја потврдува основаноста на настанатите тешки повреди од членот 14 на Кодексот, каде на вработените во Собранието им врши притисок за време на извршувањето на нивните работни задачи користејќи зборови и изрази со кои ги омаловажува и го навредува нивното достоинство.

Политичка партија Левица

Наизменичен режим на сообраќај на патот кон ГП Блаце

Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одрон во близина на метото викано „Вражји вир".

– Поради одрони на патот на улица „Јадранска магистрала" поточно на м.в. Вражји вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат вечерва од АМСМ.

Претходно, денеска сообраќајот беше прекинат во двата правци./MИА

Започна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари

Екипите на ЈП Улици и патишта, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците  низ градот.  

Во текот на изминатата ноќ се вршеше бележење на хоризонталната сигнализација на бул. Илинден во насока од бул. ВМРО кон улицата Никола Парапунов, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ Борис Трајковски, како и на улицата Франклин Рузвелт.

Вечерва машинско бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши во општина Центар на бул. М.Т.Гологанов на потегот од бул. Климент Охридски кон Рузвелтова.

Во рамки на пролетната акција во општина Ѓорче Петров вчера вечер започна обележувањето на такси станиците. Вечерва обележувањето на такси станиците од страна на ЈП Улици и патишта продолжува во населба Автокоманда.

Според однапред утврдената динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Град Скопје

Маск со критика до „Twitter“: Алгоритамот манипулира со корисниците

Илон Маск, избвршниот директор на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“, истакна дека алгоритамот на „Twitter“: манипулира со корисниците.

Идниот сопственик на „Twitter“ на својот личен налог на оваа мрежа одлучи да го критикува алгоритамот на популарната платформа. Според неговите зборови, многи е важно Твитер корисниците да го поправат својот „Twitter feed“.

Маск истакна дека корисниците се „изманипулирани од страна на алгоритамот“ на начини кои и м се непознати на корисниците, и дека разликата можат да ја видат при префрлање меѓу „Latest Tweets“ и „Home Tweets“.

Маск објаснува дека не сугерира дека има „злоба во алгоритмот“, туку дека, во рамките на „Home Tweets“, алгоритмот се обидува да му покаже на корисникот што сака да прочита, што ненамерно ги манипулира/зајакнува неговите ставови без да сфати дека тоа се случува.

Маск понатаму споменува дека има грешки во кодот на „Twitter“, а за да се решат овие проблеми со доверба во алгоритмот, тој треба да биде со отворен код.

притисни ентер