Левица: Албанските партии да престанат со анти-европските политики

Изјавите на Бујар Османи, Артан Груби и Халил Снопче дека нема да прифатат попис без попишување на дијаспората јасно покажуваат дека единствената цел на албанскиот политички блок е спроведување на фингиран попис, спротивно на препораките на Еуростат.

Имено, тврдењето на вицепремиерот Груби дека дијаспората е дел од населението и истата се брои, е во директна контрадикција со ЕУ-регулативата која предвидува дека „оние кои живеат или се очекува да живеат надвор од местото на попишување во период од една година или повеќе, нема да се сметаат за привремено отсутни и истите ќе бидат исклучени од вкупното население.”

Дополнително, изјавите на Алијанса и Алтернатива дека одложувањето на пописот е на штета на албанското население само демонстрира колку се алиенирани албанските политички елити од реалните потреби на обичните граѓани. Настојувањето да се спроведе попис кога Македонија е трета држава по прекумерна смртност е доказ дека таканаречените албански партии, освен национал-шовининизам и меѓуетнички хушкања, нема што друго да понудат на обичниот Албанец.

Токму од ваквите политички мотивации на пописот доаѓа и сета оваа засилена кампања за насилничко спроведување на истиот, спротивно на сите меѓународни препораки, а со единствена цел зачувување на рамковните привилегии, од кои единствено бенефиции добија криминалците од ДУИ.

Јасно е дека и владејачката СДСМ е дел од ваквите заткулисни договори, кои и во минатото покажаа дека се спремни да ги погазат сите воспоставени национални и меѓународни норми и принципи, само за спас на својата криминална коалиција. Левица повторува дека нема да учествува во попис без промена на Законот за попис согласно европските стандарди, а во меѓувреме ги повикуваме партиите на власт да престанат со насилничките анти-европски политики кои Македонија ја трансформираа во хибриден режим,се наведува во соопштението на Левица.

Кои марки на автомобили се продаваат најбрзо?

Аналитичката компанија „iSeeCars“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето за тоа кои брендови продаваат најбрзо и најбавно нови автомобили, а разликите одат дотаму што некои се двојно подобри од другите во овој сегмент.

Тојота беше најбрзо продаваниот нов автомобилски бренд помеѓу октомври 2023 и март 2024 година, продавајќи нови автомобили во просек за 39,6 дена. На второ место е Alfa Romeo, со просечни 41,8 дена на пазарот.

На другиот крај на листата се Линколн (82,6 дена), INFINITI (79,8 дена), Buick (79 дена) и Audi (75,1 дена).

Топ 10 најбрзо продавани брендови:

Тојота: 39,6 дена на пазарот

Алфа Ромео: 41,8

Кадилак: 43,4

Хонда: 44,2

Јагуар: 44,4

Kia: 47

Хјундаи: 47,1

Субару: 49

BMW: 49,1

Mazda: 53.1

Марките кои најбрзо продаваат нови возила се и брендови кои имаат лојални клиенти.

Извршниот аналитичар на iSeeCars, Карл Брауер, на оваа тема истакнал: „Марките кои брзо продаваат возила, како што се Тојота и Хонда, се оние каде што клиентите бараат да добијат најмногу за својот долар“.

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

притисни ентер