ФудбалЛевандовски по 12. пат стана најдобар фудбалер на Полска Роберт Левандовски по 12-ти пат стана најдобар фудбалер на Полска.Во изминатите 14 години тој само двапати не успеа да ја добие оваа награда. Триесет и шестгодишниот напаѓач на Барселона беше прогласен за најдобар полски фудбалер во 2024 година. Наградата е основана од неделникот „Пилка Нозна“ во 1973 година. Левандовски првпат беше прогласен за најдобар во 2011 година и после тоа само двапати не успеа да стане лауреат. Во 2018 година наградата му беше доделена на голманот Лукаш Фабијански (Вест Хем), а во 2023 година на играчот од средниот ред Пјотр Зиелински (тогаш играше за Наполи, сега за Интер). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПедро Поро нема да го задржи златниот медал од Мундијалот: Тој ме носеше секадеШпанскиот херој нема да го задржи златниот медал: „Мама и тато работеа од 3 наутро, а тој ме носеше насекаде“.Еден од најдобрите фудбалери на новиот светски шампион Шпанија, бекот на Тотенхем, Педро Поро знае кај кого ќе заврши неговиот златен медал – кај неговиот дедо. Многу прекрасни стории се појавија во светските медиуми по освојувањето на Светското круна од страна на Шпанија. Една од нив доаѓа од малото место Дон Бенито, сместено покрај реката Гвадијана – токму таму каде што шпанските региони Екстремадура и Андалузија се граничат со португалскиот регион Алгарве. Во тоа мало место најдобриот десен бек на Мундијалот, Педро Поро ја однесе својата златен медал на една посебна личност. Станува збор за неговиот дедо, кој со автомобил го возел стотици километри на тренинзи додека Педро бил дете – а Педро никогаш тоа не му го заборавил. Денес Поро е еден од хероите на Шпанија, а неговиот дедо не можеше да ги задржи солзите кога го доби медалот. „Ова е огромна гордост, немате претстава колкава. Мисијата е успешно завршена“, изјави трогнатиот дедо. Педро Поро е роден во Дон Бенито, но бидејќи неговиот татко Луис и мајката Ева биле зафатени со работа, тој главно израснал со баба му и дедо му. Pedro Porro's grandad drove him thousands of miles as a child to training and matches, helping him chase his dream of becoming a footballer. Yesterday, Porro returned home and gave his grandad the World Cup winners' medal. Mission accomplished ❤️🏆 pic.twitter.com/d22MoxbJU7 — Premier League (@premierleague) July 23, 2026 „Мајка ми работеше во ’Меркадона‘, а татко ми прифаќаше каква било работа што ќе ја најдеше, па затоа баба ми и дедо ми се грижеа за мене. Немаше некоја посебна причина, родителите едноставно работеа, а баба ми и дедо ми ја презедоа улогата на татко и мајка кога тие не беа тука. Секогаш се сеќавам како мајка ми заминуваше на работа во три наутро и ме носеше кај баба ми. Имавме финансиски тешкотии дома и секогаш со убави чувства се сеќавам како дедо ми ме носеше насекаде, без оглед на сè. Секогаш наоѓаше начин да ме израдува, а сега сум многу среќен што можам да му возвратам. Најсреќен сум кога можам да им возвратам за сета љубов и поддршка што ги добивав уште од самиот почеток. Бог да ве благослови; пред мене се уште многу години кариера и нив ќе им ги посветам“, изјави тој пред Светското првенство, а сега го освои и одличјето. Педро Поро го наследи Дани Карвахал на позицијата десен бек во шпанската репрезентација и досега има одиграно 24 натпревари и постигнато два гола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветАдминистрацијата на Доналд Трамп воведе нови царини за увоз од 60 земјиИако Македонија останува надвор од најновиот бран американски царини што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе за увоз од 60 земји, доколку овие мерки останат во сила подолг период.Иако Македонија останува надвор од најновиот бран американски царини што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе за увоз од 60 земји, доколку овие мерки останат во сила подолг период, можно е индиректно да се почувствуваат последици и врз домашната економија. Сепак, релативно малиот директен извоз на македонски производи на американскиот пазар, како и билатералниот трговски договор со САД склучен во февруари, со кој земјава ги укина царините за американските индустриски и земјоделски производи, додека Вашингтон ја задржа царината од 15 проценти за македонскиот извоз, засега упатуваат на тоа дека непосредното влијание врз македонската економија би било ограничено, велат познавачите на состојбите. Новите американски царини индиректно би можеле да имаат последици и врз домашната економија, доколку тие потраат и подолго оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миновски. -Не очекувам некаков непосреден и драматичен удар врз македонската економија како директна последица од овие царини. Сепак, доколку мерките останат во сила подолг временски период и предизвикаат поголеми нарушувања во глобалната трговија, тогаш можеме да очекуваме индиректни последици. Тие би можеле да се почувствуваат преку забавување на индустриското производство, особено во слободните економски зони, каде што голем дел од компаниите се извозно ориентирани, намалување на извозната активност и послаб економски раст.“- изјави – Кирил Миновски – Поранешен министер за финансии. Во меѓувреме Брисел бара појаснување од Вашингтон за потегот на Вашингтон, нагласувајќи дека ЕУ го почитувала договорот за трансатлантска трговија постигнат минатата година, а новите царини на Трамп кон повеќе земји во ЕУ неочекувано ја изненадиле Каја Калас. -Ние го испочитувавме нашиот дел од договорот. Имавме договор до САД и останавме доследни на обврските што ги презедовме. Преговорите не беа лесни. За нашите компании е многу важно да има предвидливост. Токму затоа и компаниите ни порачаа да постигнеме резултат, да го договориме овој договор, бидејќи предвидливоста е многу подобра отколку неизвесноста и незнаењето што не очекува во иднина – вели Калас. Инаку Трамп објави царини од 10% до 12,5% за повеќе од 60 земји, за да ги заменат досегашните царини од 10% кои имаа привремен карактер и истекуваа денеска. Со новите царини се опфатени најголемите трговски партнери на САД - сите членки наЕУ , Британија, Канада, Мексико, Кина, Индија и Австралија. Остануваат на сила и сите други дополнителни царини воведени на разна основа и за специфични сектори. Македонија не е засегната со новите царините, затоа што во февруари склучи билатерален договор со САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје ги брои штетите по невремето: Апели за внимателност и оштетени гробиштаСкопјани денеска да не ги паркираат возилата под дрвја и да не се задржуваат во близина на висока вегетација, е најновото предупредување и апел од ЈП Паркови и зеленило. Сепак, од Управата за хидрометеоролошки работи смируваат дека невреме какво што му се случи на Скопје за денеска не се очекува. За во иднина, не можат со сигурност да предвидат дали брзиот ветар кој корнеше се пред себе ќе му се повтори на Скопје. И додека општините чекаат граѓаните да ја пријават настанатата штета во општинските комисии, за да може потоа комитетот за проценка на штета да интервенира, а владата да ги обештети, на социјалните мрежи се појави фотографии од уништени надгробни плочи, кои граѓаните ќе мораат сами да ги санираат. ОД А.Д. Бутел велат дека за време на невремето паднале околу дрва, и потврдуваат дека направиле голема штета. Во разговор за Канал 5 од претпријатието велат дека се работи на документирање на на сите случаи, се поднесуваат поднесоци до старателите за настанатата штета, но штетата граѓаните ќе треба да ја санираат сами. Во меѓувреме, штетата која невремето ја направи врз информатичкиот систем на Македонска пошта, поради што компанијата три дена беше надвор од функција поради дефект на серверската инфраструктура, денеска е санирана, вели диекторот Орхан Куртиши. Разорното невреме што во вторникот попладне го зафати Скопје, но и други градови во земјава, предизвика значителна материјална штета. Пријавени се многубројни оштетувања на автомобили, покриви на станбени и јавни објекти, како и голем број паднати дрвја и оштетени семафори. Во невремето има и повредени граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook