Левандовски е на чекор до историски рекорд

Неверојатниот Роберт Левандовски е на чекор до рушење на рекордот на легендарниот Герд Милер во 1972 година по бројот на постигнати голови во една сезона во Бундеслигата.

Полјакот е на бројка од 39 гола на две кола пред крајот на Бундеслигата, додека Милер постигнал 40 гола пред скоро 50 години. Така, Лева има само два гола пред постигнување на новиот рекорд.

Баерн викендов ја победи Борусија Моенхенгладбах со 6-0, а Лева постигна три гола. Директорот на Баерн, славниот Оливер Кан, верува дека Полјакот ќе го сруши Милер, но го предупредува Левандовски да не си прави премногу притисок.

"Колку што знам, јасно ми е дека тој ќе стори сé за да го собори тој рекорд, но, Роберт, сега не можеш да поднесеш толкав притисок врз грбот. Немој да си го правиш тоа", рече Кан во интервју за sport1.de.

Славниот голман на Баерн ја спомена и важноста на постигнувањето на Милер во историјата на германскиот фудбал.

"Се сеќавам дека, кога бев момче, тој одличен рекорд на Герд Милер им беше постојан проблем на голгетерите. 40 гола во една сезона? Никој не помислуваше дека тој рекорд некогаш може да биде соборен. Ако Роберт го стори тоа, ќе биде неверојатно достигнување. “, истакнал Кан.

Во преостанатите две кола Баерн игра против Фрајбург и Аугсбург.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат

 Поради сообраќајна несреќа што се случила патниот правец Прилеп – Битола сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат, информираат од ЈП Македонија пат.  

Екипите на ова јавно претпријатие се на лице место и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.

Кари се искачи на 30. место на листата на најдобри стрелци на сите времиња во НБА

 Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари се искачи на 30. место по бројот на постигнати поени во историјата на НБА.

Триесет и шестгодишниот Американец ноќеска на натпреварот со Њујорк никс постигна 27 поени и сега има 23.360.

Кари го престигна Роберт Периш (23.334 поени) и се искачи на 30,место на вечната листа поентери во најсилната кошаркарска лига на светот.

Најдобар стрелец во историјата на НБА е актуелниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс со 40.179.

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители доделени во Кавадарци

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители беа  доделени синоќа во Кавадарци, настанот го реализираше Општинската организација на Црвен крст од овој град. 

Претседателот на Црвен крст Кавадарци, Димитар Каракулев, потсети дека годинава се одбележуваат 79 години од основањето на Црвениот крст на национално ниво.

- Бележиме врвни резултати. На врвот сме по крводарување во државата, минатата година бевме најдобри по проекти изработени од млади, за промоција на хумани вредности, нагласи Каракулев, споменувајќи дека организираат и нега во домашни услови за стари и изнемоштени лица.

Млади волонтери прочитаа свои литературни творби, а пред присутните се обрати и Перо Николов, советник во Советот на Општината. На сите крводарители, тој им упати честитки и им порача да продолжат, покажувајќи ја хуманоста и солидарноста.

притисни ентер