3Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
КошаркаЛетонија прв четвртфиналист на Евробаскет Репрезентацијата на Летонија е првата која обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на Европското кошаркарско првенство, откако попладнево во првиот дуел од нокаут фазата ја совлада Словенија со 73:66.Летонија до триумфот дојде по подобриот финиш. Првата четвтина заврши со изедначен резултат 20:20, а на полувреме беше 42:40. Ниту по третиот период не се наѕираше победникот, за во последната четвртина Летонија да направи двоцифрена предност која се покажа недостижна за словенечките кошаркари. Најефикасни во победничката репрезентација беа Штрелниекс со 17 и Берзинс со 13 поени. Кај Словенците се истакна Зоран Драгич со 17 реализации. Во тек е втората осминафинална пресметка во која учествуваат Белгија и Грција. Вечер играат Шпанија – Полска и Франција – Турција. Другите четири осминафинални натпревари се играат утре. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА брутално ја нападна ФИФА!Европската куќа на фудбалот УЕФА остро ги осуди наводите дека Светската фудбалска асоцијација ФИФА размислува за продажба на малцински удел од Светското првенство на приватни инвестициски фондовиПо протекувањето на информациите за приватни инвестиции во Светското првенство, УЕФА остро реагираше, повикувајќи на единство во одбраната на фудбалот. Европската куќа на фудбалот УЕФА остро ги осуди наводите дека Светската фудбалска асоцијација ФИФА размислува за продажба на малцински удел од Светското првенство на приватни инвестициски фондови, испраќајќи јасна порака дека таков потег би претставувал преминување на црвената линија што челниците на светскиот фудбал никогаш не би смееле да ја преминат. Највисоката организација на европскиот фудбал изјави дека овој предлог го сфаќа „исклучително сериозно“, повикувајќи ги сите национални сојузи, лиги, клубови, играчи, навивачи, како и државните органи, да реагираат обединето. – Ова ја преминува границата што раководните тела на фудбалот никогаш не би смееле да ја преминат. УЕФА ова го сфаќа исклучително сериозно. Истото треба да го стори и секој национален фудбалски сојуз, како и сите учесници во фудбалот: лигите, клубовите, играчите, навивачите, владите и сите на кои им е важна иднината на оваа игра. Душата и управувањето со фудбалот не се стока со која може да се тргува – особено не при целосен недостиг на транспарентност за тоа кој има финансиска корист. Никој од нас не го поседува фудбалот. Тој не е сопственост на ФИФА што може да се продаде – се наведува во соопштението на УЕФА. Оваа жестока реакција од Нион дојде откако во јавноста протече информација дека ФИФА планира да основа посебна компанија за управување со комерцијалните права на Светското првенство, при што дел од сопственоста ќе им биде понудена на приватни инвестициски фондови. Таквото сценарио веќе крена многу прашина меѓу водечките фудбалски лидери, кои предупредуваат дека влезот на приватен капитал може трајно да го наруши календарот на натпревари и да го промени сегашниот формат на најголемото фудбалско шоу.Тагови: УЕФА ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран постави ултиматум за отворање на Ормускиот теснецИран му предложи на Оман привремен план за повторно отворање на Ормускиот теснец, според кој еден правец на сообраќајот би се одвивал низ иранските води, а дел од спротивната рута исто така би минувал низ иранските води.Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, за иранската државна телевизија изјави дека Техеран го отфрлил претходниот предлог на Оман за рамноправна поделба на транзитните рути, со образложение дека таквото решение не ги задоволува безбедносните барања на Иран сè додека не се постигне долгорочна регионална стабилност. Гарибабади предупреди дека Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку Мускат го отфрли предлогот на Иран, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека Иран повеќе не ја признава Шемата за раздвојување на сообраќајот (TSS) усвоена од Меѓународната поморска организација, тврдејќи дека таа главно се наоѓа во оманските води и не му овозможува на Техеран доволна контрола врз бродовите што минуваат низ теснецот. Според него, традиционалната рута низ средината на теснецот моментално не се користи поради опасноста од мини, па бродовите се пренасочени кон северната рута долж Иран и јужната рута долж Оман. „Ова е прашање на национална безбедност, а не обид за вршење притисок“, изјави Гарибабади, истакнувајќи дека Иран претходно не го оспорувал користењето на рутата TSS, која со децении се наоѓа во оманските води. Иранскиот функционер исто така предупреди дека Техеран нема да дозволи која било трета земја – дури и ако е поканета од Оман – да учествува во расчистувањето на мините во Ормускиот Теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Звук што расте“ - Камерниот оркестар на МММ одбележа 40 години постоењеСо дела од македонски те композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето.Концертот под мотото „Звук што расте“ се одржа вчеравечер на „Охридско лето“ донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта беше маестро Иван Еминовиќ, а солисти Памела Велкова на виолина и Христијана Матевска на хармоника. Според маестро Еминовиќ, голема е честа на да се соработува со Музичката младина на Македонија, особено на ваков јубилеј. -Чест е да се работи со овие млади музичари кои се врвни во својата дејност. Јубилејот ќе биде одбележан со три концертни вечери, во Охрид и во наредните две вечери, во Битола и Скопје. Ќе дадеме одлични концерти за да го одбелележиме достојно овој јубилеј, рече диригентот Еминовиќ кому ова му е четврта соработка со оркестарот на МММ. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски. С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ. Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter