3Венецуелците рачно ги пребаруваат урнатините на зградите додека владините багери стојат неискористени, нема бензин
СветЛетонија наредната година за одбрана ќе издвои пет проценти од БДПЛетонија од наредната година ќе издвојува најмалку пет проценти од бруто-домашниот производ (БДП) за одбрана, со што ќе го зголеми својот придонес кон НАТО.Тоа се посочува во соопштението од летонскиот Парламент каде вчера едносгласно беше одобрен законот за зголемување на буџетот за одрбаната на земјата наредната година. Претседателот Едгарс Ринкевичс, кој го предложи законот, изјави дека предвидливо финансирање на одбраната е неопходно поради актуелната геополитичка состојба и потребата за зајакнување на националните одбранбени капацитети. Членките на НАТО на самитот во јуни 2025 година се договорија за зголемување на трошоците за одбрана, со цел најмалку 3,5 проценти од БДП за одбрана и дополнителни 1,5 проценти за поврзани трошоци, како инфраструктура. Летонското законодавство не прави разлика во двете ставки. Како земја што граничи со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, Летонија ја смета војната во Украина за директна закана за својата безбедност. Владата веќе ги зголеми воените трошоци и планира оваа година да издвои 4,91 проценти од БДП за одбрана. Тагови: БДП Летонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКомандантот на НАТО за Европа Гринкевич во Скопје: Средби и посета на касарната „Илинден“Kомандантот на сојузничките сили на НАТО за Европа генералот Алексус Гринкевич, во рамки на посетата на армијата денеска заедно со генералот Сашко Лафчиски ги посети припадниците на армијата.Kомандантот на сојузничките сили на НАТО за Европа генералот Алексус Гринкевич, во рамки на посетата на армијата денеска заедно со генералот Сашко Лафчиски ги посети припадниците на армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје. Генералот како командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, има севкупна команда над операциите на НАТО на стратегиско ниво и своите должности ги извршува од седиштето на врховната команда на сојузничките сили во европа во монс, кралството белгија.во министерството за одбрана и генералштабот на армијата вчера тој оствари средба со министерот за одбрана владо мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, генерал-мајор Лафчиски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредитМицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит.Премиерот Христијан Мицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит - отворање на каналот и пешачката патека на Мала рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото.тој утринава одговарајќи на новинарски прашања за изборниот законик рече дека сите барања на Левица се прифатени. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Домашни плескавициВо среда (24.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Пеце Ристески.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 гр. кашкавал 100 гр. лебни трошки малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter