Летексие ќе ја дели правдата на финалето на Евро 2024

 Французинот Франсоа Летексие е назначен за главен судија на финалниот натпревар на Европското фудбалско првенство 2024 меѓу Шпанија и Англија, објави официјалниот сајт на УЕФА.

Помошници на Летексие ќе му бидат сонародниците Сирил Муние и Мехди Рахмуни. Резервен судија - Шимон Марчинијак (Полска).

Средбата ќе се одржи на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин и ќе започне во 21 часот.

Филипче признава дека погрешиле со измените во Кривичниот законик - Мицкоски најави нов законик

Новоизбраниот лидер на СДСМ Венко Филипче признава дека погрешиле со донесувањето за измените во Кривичниот законик. 

Ја повика владата да го усвои новиот кривичен законик, кој е веќе подготвен од страна на експертската работна група предводена од академик Камбовски и истиот да биде ставен на увид на јавноста. Ова Филипче го посочи на днешниот брифинг со новинарите, од каде порача дека СДСМ е повторно во форма, најавувајќи и нова стратегија на дејствување на партијата.

На повикот од Бихачка експресно одговори премеирот Мицкоски. Најави дека нов Кривичен закон ќе се носи но по европски стандарди, а не мерка на партите. Ја обвини опозцијата дека со актуелниот Кривичен законик се амнестирале од криминалите кои се правеле и ги праша дали од сопстевн џеб ќе ги покријат трошоците од оштетите на веќе застарените дела.

Измените на Кривичниот законик експресно беа донесени лани во септември, а за нив гласа пратениците од тогашните владеачки партии СДСМ и ДУИ. Ваквите законски измени овозможија намување на затворските казни за кривичните дела како што се злоупотребата на службената положба и овластувања и злосторничко здружување. Тоа доведе до застарување и ослободување на повеќе поранешни функционери, а законот беше мета и на низ критики од Меѓународната заедница.

Јанчев: Од утре ќе започнат градежните активности на патот од Брана ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш

Од утре 26.07.2024 год. ќе започнат градежните активности на патот од Брана ХЕЦ Тиквеш, до населба Голеш. 

Поради овие активности се известуваат граѓаните дека ќе биде отежнат сообраќајот за сите кои гравитираат во овој дел, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Продолжува изградбата на паркот во склоп на СОЗШУ "Ѓорче Петров" на површина од 14000 м2, со вкупна вредност од 9.870.000 денари, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

При изградбата на овој парк во целост ќе биде опфатена реконструкција на постоечките игралишта, изградба на пешачки патеки, поставување на детски реквизити и урбана опрема. Со завршувањето на паркот ќе се направи пешачка врска со кејот кој е во поодмината фаза на изградба и со тоа граѓаните ќе добијат комплетна пешачка зона и рекреативен дел.

Изведувач на работите е Павер Трејд.

Кавадарци за сите! [🍀], напиша на Фејсбук, Јанчев.

Бизнисот ќе разговара со владата и синдикатите за недела повторно да биде работен ден

Владата останува посветен партнер на бизнисот  - бизнисмените со порака до премеирот Мицкоски капацитети имаме треба да се посветиме добро да ги искористиме, не сакаме да играме во шеста лига сакаме во прва. 

Стопанската комора одбележа 102 години од постоењето, а првиот човек на комората Азески вели транспарентноста, борбата против корупцијата и поддршката за бизнисот треба да се приоритет на Владата.

Во однос на недела неработен ден Азески останува на ставот но вели ќе видиме што ќе донесе дијалогот.

Сидникатите реагираат велат со „недела неработен ден врати малку од работничкото достоинство, на претставниците на Стопанската комора им порачуваме дека со ваквите нивни ставови и ниските плати кои ги даваа на работниците предизвикаа егзодус на квалификуваните работници.“ Дополнително од синдикатот велат недозволиво е со државни пари да се богатат газдите на грбот на граѓаните и работниците и дека Владата треба претпазливо да постапува со планот да го помогне стопанството со 250 милиони евра од кредит се со цел да не се повторат грешките од минатото.

Премиерот станува збор за комплексен процес на кој работиме посветено.

На денешниот настан по повод 102 години од постоењето, Комората им врачи награди и на бизнисмени во различни категории. А награда за градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија му беше доделена и на премиерот Мицкоски.

притисни ентер