ТехнологијаЛеталото на НАСА „Војаџер“ откри звук во далечната вселена (ВИДЕО)Едно од вселенските летала што е најоддалечено од Земјата, открило континуиран звук надвор од Сончевиот систем, покажува новата студија.Војаџер 1 на НАСА беше лансиран на 5 септември 1977 година од Кејп Канаверал, Флорида со ракетата Титан-Кентаур само неколку недели по нејзината двојничка, Војаџер 2. Иако е дизајниран да трае пет години, повеќе од 43 години откако се лансирани, леталата сепак испраќаат податоци додека го истражуваат меѓуѕвездениот простор, пишува Си-Ен-Ен. Инструментите на леталото „Војаџер 1“, кој ја премина границата на Сончевиот систем, а потоа влезе во меѓуѕвездениот простор познат како хелиопауза, откриле звуци на плазматски бранови, покажала студијата објавена во понеделникот во списанието „ Nature Astronomy “. Научниците од Универзитетот Корнел проучувале податоци од вселенско летало на 14 милијарди милји од Земјата и откриле емисии на меѓуѕвездени гасови. "Звукот е многу слаб и монотон затоа што е во тесен фреквентен опсег. Забележуваме слаб и траен шум на меѓуѕвездени гасови", рече Стела Кох Окер, докторант по астрономија на Универзитетот Корнел. Вселенското летало „Војаџер 1“ на НАСА помина покрај Јупитер во 1979 година, потоа кон Сатурн во 1980 година, пред да влезе во хелиопауза во август 2012 година. Откако влегол во меѓуѕвездениот простор, инструментите на Војаџер 1 откриле осцилации на гасот што го емитира нашето Сонце. Но, истражувачите, исто така, забележале дека постои стабилна и постојана шема меѓу овие ерупции. "Меѓуѕвездениот медиум е како тивок или нежен дожд. Кога ќе се случат соларни ерупции, тоа е како да снимате молња во грмотевица и тогаш сè да се врати на слаб дожд", рече Џејмс Кордес, професор по астрономија на Корнел и главен автор на студијата. Истражувачите веруваат дека има повеќе ниско ниво на активност во меѓуѕвездениот гас отколку што се сметало порано. Ова ќе им овозможи на истражувачите да ги следат просторните дистрибуции на плазмата. Податоците на Војаџер 1 исто така можат да им помогнат на научниците да ги разберат интеракциите помеѓу меѓуѕвездените медиуми и сончевиот ветер, постојан прилив на наелектризирани честички што ги емитува Сонцето. "Никогаш не сме имале шанса да ја процениме таа струја. Сега знаеме дека не ни треба случаен настан поврзан со Сонцето за мерење на меѓуѕвездената плазма. Без оглед што прави Сонцето, Војаџер испраќа детали", додаде научникот од истражувачкиот тим на Корнел, Шами Чатерџи . Војаџер 1 е најоддалечениот објект во вселената, создаден од човекот и продолжува да функционира, и покрај неговата возраст и растојание. "Научно, тоа истражување е прилично голем подвиг. Доказ е за неверојатната издржливост на вселенското летало Војаџер. Тоа е долготраен инженерски дар на науката", заклучи Окер за Си-Ен-Ен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Сами против ситеСами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24