Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
2Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ФудбалЛестер нов шампион во Премиер лигатаПо нерешениот резултат 2:2 на Тотенхем на последниот натпревар од 36.коло одигран синоќа со Челзи, екипата на Лестер е новиот шампион на Англија. Лестер има недостижна предност од седум бодови на две кола до крајот на Премиер лигата. Самиот натпревар не навестуваше крај без победник особено што Тотенхем во финишот на првиот дел постигна два гола преку Хари Кејн (35.минута) и Хеунг-Мин Сон (43). Со победа Тотенхем ќе ја одложеше промоцијата на Лестер во првак. Но, актуелниот шампион Челзи успеа во вториот дел да стигне до изедначување со головите на Тим Кејхил (58) и Еден Азар (83). Натпреварот изобилуваше со многу нервоза, па судијата Марк Клатенбург покажа 12 жолти картони, три за домашните фудбалери и девет за Тотенхем. Табела: Лестер 77 бодови, Тотенхем 70, Арсенал 67, Манчестер Сити 64,Манчестер Јунајтед 60, Вест Хем 59, Саутемптон 57, Ливерпул 55,... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПочина рускиот научник кој го измисли смртоносниот отров „Новичок“- причината за смртта е тајна Почина рускиот научник Владимир Угљов, кој го измисли смртоносниот нервен отров Новичок што се користеше во озлогласените труења во Солсбери.Угљов го обвини режимот на Путин за употреба на смртоносното хемиско оружје во „напад на државно ниво“ врз Велика Британија во 2018 година. Угљов, кој живееше во Русија, почина на 26 октомври на 80-годишна возраст. Но, неговата смрт беше објавена денеска, повеќе од една недела подоцна, од независниот руски истражувачки медиум „Инсајдер“. Причината за смртта е непозната, ниту пак причината за доцнењето во објавувањето на неговата смрт, објавува „Дејли меил“. Угљов беше дел од тим советски научници кои го развија Новичок, познат како А-234, кој подоцна го користеа шпионите на Путин во обидот за атентат врз рускиот двоен агент Сергеј Скрипал, тогаш 66-годишен, и неговата ќерка Јулија, тогаш 33-годишна, во Солсбери во март 2018 година. И двајцата преживеаја, но британската мајка на три деца, Дон Стерџес (44), почина откако случајно дошла во контакт со Новичок, кој бил фрлен во шише парфем.Тагови: Новичок отров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
НаукаМистериозен сигнал од вселената ги збуни научниците- забележан е се за време на потрага по вонземјани Научниците кои бараат можен вонземски живот открија мистериозен радио сигнал од длабоката вселена кој привлече внимание поради своите карактеристики.Сигналот беше откриен од меѓународен тим предводен од кинески научници додека тестираше нов софтвер врз податоци што веќе ги собра џиновскиот телескоп FAST во покраината Гуиџоу. Фреквенцијата привлекува дополнително внимание Сигналот, наречен NBS 260108, беше откриен за време на набљудувањата на ѕвездениот систем K2-155, оддалечен околу 238 светлосни години од Земјата. Овој систем е од особен интерес за астрономите бидејќи содржи три планети кои припаѓаат на категоријата таканаречени супер-Земји, т.е. планети поголеми од нашата, но помали од ледените џинови како што се Нептун и Уран. Она што веднаш го привлече вниманието на истражувачите беше фактот дека сигналот се појави како стабилен радио тон, концентриран околу една фреквенција. Токму таквите теснопојасни сигнали претставуваат една од важните цели во потрагата по можното постоење на интелигентен живот надвор од Земјата. Причината е што природните космички процеси ретко произведуваат радио сигнали толку тесно концентрирани околу една фреквенција, додека вештачките предаватели често ги емитуваат. Сепак, необичниот сигнал сам по себе не е доказ дека доаѓа од некоја „напредна цивилизација“. Она што е особено интересно е што сигналот е снимен само во еден од 19-те приемни зраци на телескопот FAST, кој бил насочен кон системот K2-155. Останатите 18 зраци, кои истовремено ги следеле соседните делови од небото, не регистрирале соодветен сигнал. Неговата фреквенција, исто така, привлече дополнително внимание, бидејќи постепено се поместувала кон пониски вредности со текот на времето. Таквата промена може да се случи поради релативното движење на изворот на сигналот во однос на Земјата, поради што истражувачите обрнуваат посебно внимание на ваквите промени на фреквенцијата кога бараат можни вонземски предаватели. На графиконите презентирани од научниците, сигналот се појавил како тенка, малку наклонета линија наспроти позадината на други радио податоци. Оваа линија го покажува начинот на кој се менувала неговата фреквенција за време на набљудувањето. Две различни научни задачи Истражувачите, исто така, анализирале како сигналот е снимен во двата поларизациски канали на телескопот, кои мерат различни ориентации на радио брановите. Тој бил многу присутен во каналот означен како YY, додека бил отсутен во другиот канал, XX. Односот сигнал-шум (SNR) во YY каналот беше приближно 23, што покажува колку јасно се издвојува сигналот од радио-шумот во позадина. Кога податоците од двата канали беа комбинирани, оваа вредност беше околу 15. Сепак, научниците нагласуваат дека откривањето на необичен сигнал и одредувањето на неговото потекло се две сосема различни научни задачи. „Генерирањето кандидати и толкувањето на кандидатите треба да останат одделни процеси“, наведоа истражувачите во својот труд. Со други зборови, софтверот може да препознае феномен што заслужува дополнително внимание, но тоа не значи дека може да утврди што го произвело, објавува Дејли Меил. Истражувачите веруваат дека следниот чекор треба да биде подетална споредба на оригиналните снимки од сите 19 приемни зраци на телескопот. Ваквата анализа би можела да помогне во одредувањето на локацијата и движењето на изворот на сигналот, како и да се разликуваат можните радио емисии од вселената од пречките предизвикани од човечката технологија или опрема. Изборот на системот K2-155 не е случаен Разликувањето на вистинските космички сигнали од радио-пречките е еден од најголемите предизвици во потрагата по можна вонземска интелигенција. Невообичаена фреквенција или шема може да изгледа како навестување за нешто необично, но само понатамошни набљудувања и проверки можат да покажат дали станува збор за природен феномен, човечки извор или нешто што сè уште не е објаснето. Изборот на ѕвездениот систем K2-155 не беше случаен. Неговата планета, K2-155d, се наоѓа во близина на зоната погодна за живеење на нејзината ѕвезда, односно областа во која, под соодветни атмосферски и други услови, течна вода би можела да постои на површината на планетата. Оваа планета има радиус приближно 1,6 пати поголем од оној на Земјата и завршува една орбита околу својата ѕвезда за околу 40,7 дена. „СуперЗемјата во зоната погодна за живеење на овој систем ја прави интересна цел за истражување“, велат научниците.Тагови: вонземјани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаСиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекориПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска).Предмет на разговорот беа актуелните состојби во македонскиот евроинтегративен процес, предизвиците со коишто се соочува политиката на проширување на Европската Унија, како и можностите за надминување на долгогодишниот застој во пристапните преговори. Сиљановска-Давкова потсети на 21-годишниот кандидатски статус на државата и на нејзината континуирана посветеност на европската интеграција, поткрепена со значајни реформи. Таа особено ја истакна целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како потврда на јасната геополитичка определба и доследната поддршка на европските позиции. Според неа, политичката волја за напредок не треба да се очекува само од земјите кандидатки, туку и од самата Унија, од која се потребни креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој, без доведување во прашање на македонскиот национален и културен идентитет. Соговорниците се согласија дека местото на македонската држава е во Европската Унија, каде што природно припаѓа, независно од предизвиците на патот. За дел од европратениците, искуството на нивните држави потврдува дека пристапниот процес може да биде долг и исполнет со тешки услови, а напредокот не секогаш да биде препознаен. Претседателката им се заблагодари за разбирањето и изрази уверување дека континуираниот дијалог и заедничкиот ангажман можат да придонесат за обновување на динамиката на проширувањето, како стратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и единството на Европа, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook