Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
Шоу бизЛепа Брена низ солзи ја замоли публиката: Помогнете ми да отпеам песна за Саша Поповиќ На Денот на жените, арената Стожице во Љубљана беше домаќин на концертот на Лепа Брена.Публиката имаше можност да ужива во особено емотивен концерт, на кој Лепа Брена не можеше да ги задржи солзите. Концертот започна со познатата песна „Влези слободно“, која цела Арена ја поздрави со голем аплауз, а најпосебниот момент од вечерта беше посветен на починатиот пријател и колега Саша Поповиќ, објави Индекс. „Добровечер Љубљана. На почетокот морам да кажам дека е многу тешко да ги потиснам сите емоции што ме кршат вечерва. Бев многу среќна, го планиравме овој концерт, дојдовме, се подготвивме за вас, се подготвивме многу сериозно. Ќе видите што подготвивме за вас вечерва. Навистина не можам да ги потиснам сите мои емоции, помешани, заморни, измешани. Мајки, на сите им го честитам денот, денот кога жените го добија својот глас и секако дека ова е вистинскиот пат, а за доброто на нашите мажи нека биде 9.3, па ќе им го честитаме утрешниот ден. „Меѓутоа, пред неколку дена се случи нешто навистина неочекувано, изгубив пријател кој ненадејно си замина, некој со кого ја започнав мојата кариера далечната 1981 година, некој со кого изградив прекрасен и успешен пат со Слатки грех, каде што работевме многу сериозно, професионално, деловен соработник Саша Поповиќ, ве молам помогнете ми да отпеам песна во негова чест“, едвај успеа да каже и со публиката која ја придружуваше, го отпеа хитот „Болиш и не пролазиш“. На сцената ѝ се придружи фолк пејачката Дара Бубамара. Публиката потоа ја воодушеви словенечката музичарка Сенида со нејзините хитови Делија, Ало, ало, Гаде. Лепа Брена го заврши концертот во Словенија со зборовите: „Вие сте лекот за мојата душа вечерва, за моето срце. За сите скршеници што ги имав, физички и емоционални“. Лепа Брена по концертот во Љубљана најави продолжување на турнејата во Загреб на 21, 22 и 23 март, а како што откри, подготвува нешто посебно за своите фанови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три децаНајмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчезОва го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот. „Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција. Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот. Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВесна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масатаТаа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси.Во рамки на серијата средби под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го продолжи отчетот пред граѓаните во Делчево, каде се разговараше за досегашното работење на избраните и именувани функционери од редовите на ЗНАМ, како и за спроведените политики, актуелните политички прашања и одговорноста на институциите кон граѓаните. Пред присутните се обрати потпретседателката на Движењето и потпретседателка на Собранието на Република Македонија, Весна Бендевска, заедно со потпретседателот на Движењето и министер за земјоделство, Борче Серафимовски, претседателот на ОО на ЗНАМ во Бутел и директор на АД „Аеродроми“, Игор Трајановски, и Ирена Илиевска, директорка на Агенцијата за управување со одземен имот. „За нас во ЗНАМ, отчетот не е формалност, ниту обврска што завршува соеден настан. Тој е принцип на политичко дејствување. Во изминатите две години работевме на активности и решенија што треба да ја направат државата пофункционална, институциите поодговорни, а јавните услуги подостапни за граѓаните. Граѓаните имаат право да прашаат што сме направиле, што сме промениле и што допрва треба да реализираме. Нашата обврска е на тие прашања да одговориме со конкретни резултати и со подготвеност да ја преземеме одговорноста за сработеното“ – порача Бендевска. Осврнувајќи се на значењето на реформите, Бендевска нагласи дека државата се гради преку функционални институции, владеење на правото, вреднување на трудот и создавање услови за развој во сите општини. Според неа, напредокот мора да биде рамномерен и видлив и во помалите градови, каде што граѓаните очекуваат еднаква институционална грижа и реални можности за подобар живот. „Резултатите од работата не се мерат само со бројот на донесени закони или одржани состаноци, туку со тоа дали институциите работат подобро, дали граѓаните добиваат поквалитетни услуги, дали се создаваат услови за економски развој и дали јавниот интерес е ставен пред секој друг интерес. Нашата цел е токму тоа, да градиме држава во која правилата важат за сите, во која трудот се вреднува и во која ниту една општина нема да биде оставена на маргините на развојот. Тоа е обврската што ја преземавме и од која не се откажуваме!“ – истакна потпретседателката на ЗНАМ. Осврнувајќи се на актуелните реформски процеси, Бендевска ја отвори темата за реформата на изборното законодавство и работата на работната група за Изборниот законик. Таа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси во државата. Бендевска потсети дека од десетте законски решенија што требаше да бидат испорачани до 30 јули, девет биле реализирани, додека Изборниот законик останал отворено прашање. Таа посочи дека во процесот биле вклучени договорените промени за кои постоел консензус, со цел да се избегне блокирање на реформата преку поднесување голем број амандмани. „Изборниот законик е дел од реформскиот процес и прашање од суштинско значење за демократскиот развој на државата. Затоа, местото на секоја политичка опција што има свои претставници во Собранието е на масата за разговор, со аргументи, конкретни предлози и подготвеност за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија. Не може да се бара консензус, а истовремено да се отсуствува од дебатата во која тој треба да се изгради; не може да се обвинуваат другите за забавување на реформите, а да не се учествува во процесот што треба да ги придвижи напред. Државничката одговорност подразбира да ги соочиме аргументите, да ги надминеме партиските разлики таму каде што тоа е можно и да донесеме решенија во интерес на демократијата и граѓаните. Изборниот законик не е сопственост на една партија, ниту реформите се средство за дневнополитички пресметки. Тие се обврска кон државата и нејзината демократска иднина. Консензусот не се постигнува со празно место на масата, туку со политичка зрелост, активно учество и подготвеност да се преземе одговорност за донесените одлуки!“ – порача Бендевска. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, со определба политичката одговорност да се потврдува преку работа, транспарентност и конкретни резултати. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00