Ленс Армстронг среде огромен скандал: На Тур’д Франс користел мотор (ВИДЕО) - Канал 5

Ленс Армстронг среде огромен скандал: На Тур’д Франс користел мотор (ВИДЕО)

Ленс Армстронг, осрамотениот поранешен шампион во велосипедизам, е во центарот на нов скандал, можеби најлудиот од сите досега.

Ленс Армстронг среде огромен скандал: На Тур’д Франс користел мотор (ВИДЕО)

Францускиот новинар Антоан Вајер презентира докази дека Американецот користел таканаречен технолошки допинг за време на Тур де Франс, односно дека инсталирал мал мотор на неговиот велосипед.

Армстронг остана без седум титули од Тур де Франс што го освои во периодот од 1998 до 2011 година, поради признанието за допинг, откако една година подоцна јавно призна сè.

Сега Амстронг е обвинет за најбизарното дело во аферата. Обвинувањата на Вајер ги потврдил и Жан-Пјер Верди, поранешен шеф на Антидопинг агенцијата на Франција. Верди тврди дека постојат докази дека Амстронг го користел моторот.

„Амстронг е најголемата измама. Комплицирано е на секое ниво. Со години имаше посебен третман. Многумина ми рекоа да не обрнувам внимание на бројните приказни, но многу од нив беа сомнителни. Разговарав со сите допинг-специјалисти што ги познавав и тие не можеа да разберат дека некој може да изведе ваква изведба и покрај допингот “, рече Верди.

YouTube video

Како одговор на сите овие обвинувања, пристигна видео од француски новинари на кое се гледа како Армстронг го допира задниот дел од својот велосипед додека возел, за да го запали вградениот мотор. Таквите делови се продаваат од 1998 година, но се забранети на трки.

Моторот тежи само 800 грама и затоа може лесно да се скрие на велосипедот. Се состои од мотор што може да произведе 500 W моќност и батерија што се вклопува во шише што го користат велосипедистите.

Сепак, и покрај моторот, велосипедистот мора да ги врти педалите, вели Хари Гибингс, шеф на Тајфун, производител на овие типови мотори.

„Не е како возење мотор. Мора да работиш напорно за да се движиш “, објасни тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер