Лексус го претстави футуристичкиот модел за 2030 година (ФОТО) - Канал 5

Лексус го претстави футуристичкиот модел за 2030 година (ФОТО)

Во Токио се одржа премиерата на најновиот концепт на Лексус , што ќе почне да се произведува во 2030 година.

Лексус го претстави футуристичкиот модел за 2030 година (ФОТО)

Станува збор за концептот на електрично возило LF-30 Electrified.

Јапонскиот премиум на денешниот саем во Токио го донесе концептот на возила на иднината што ги почитува сегашните трендови за електрификација и автономно возење, но исто така го задржува и поимот задоволство при возењето. Првиот електричен Lexus доаѓа наредниот месец, а потоа електрификацијата ќе го зафати целиот спектар.

Со овој концепт, најголемо внимание привлекоа дизајнерите кои решија драстично да го променат класичниот концепт на автомобилот, визуелно и исто така во однос на практичноста.

Заштитниот знак на Lexus, т.н. „вретено“ е присутно во контурите на возилото, додека во него се крие најнапредна технологија.

На пример, непроѕирноста на страничните прозорци е прилагодлива, а бојата на предната површина на возилото и обрасците на светлината откриваат однадвор дали возилото се движи во нормален или автономен режим.

Иновативниот ентериер носи технологија за возење, редизајнирано возачко место и други додатоци. Поудобен и поприлагодлив ентериер е тешко да се замисли, при што Lexus воведува традиционални јапонски материјали.

Концептот од пет метри тежи само 1.750 кг, а со батерии од 110 kWh има опсег од 500 км.

Стигнува до 100 км на час за 3,8 секунди, вози до 200 км на час и е компатибилен со полначи за напојување од 150 kW. Максимална моќност на погонот е 400 kW и вртежен момент од 700 Nm.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Министерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид.

РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување.

Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот.

„Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер