Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“
1Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
КултураЛексикон „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ промовиран во ТетовоЛексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов беше промовиран во Тетово. На речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во Македонија во периодот помеѓу 1850 и 1950 година. -Во Лексиконот се евидентирани околу 250 сликари во еден период од 100 години што за цивилизацијата е многу интересен и од уметничка гледна точка. Во тој период уметничките стилови се менуваат од импресионизам, во кубизам, во експресионизам, па доаѓа модерна уметност. Од техничка гледна точка се открива телефонот, радиото, автомобилот, авионот. Од историска гледна точка за Македонија, тоа е извонредно значаен временски период – почнуваат нашите комити да се борат, па доаѓаат Балканските војни, па Првата светска војна, па Втората светска војна. Правиме една комбинација на историја и култура на едно место, изјави Влатко Милошевски. Наоѓањето на сликите создадени од странци во Македонија е негова идеја од 2004 година. Тој собрал над 200 слики, а триесетина од нив тетовци имаа можност да ги видат вчера на промоцијата на изданието. -Сите слики се купени на аукции во Лондон, Париз, Берлин, Вашингтон, Њујорк. Една по една. Стапував во контакт со потомците на сликарите. И така прават приказна за една поинаква Македонија како тие ја виделе Македонија со свои очи. За нив Македонија била многу интересна и необична земја, многу егзотична земја. Земја во која на едно место живеат разни култури, разни религии. Луѓето по пазарите зборувале три-четири јазици, во еден муабет вртеле од македонски, на албански, на влашки на турски и таа комбинација на култури била невидена за нив. Во сите дела преовладува тој мотив. Сцени од пазарите низ Македонија, портрети на македонски селани, луѓе, сцени од војните, изјави Милошевски. Збирката на фотографии од овие слики Милошевски ја ставил на интернет, па дошле на идеја со новинарот и фотограф Зоран Андонов да се направи печатено издание и така се родила идејата за лексикон. –Моја задача беше да направам балансираност на текстовите, тие беа собирани од различни страни – од енциклопедии, од каталози, од аукции, од библиотеки од каде не и требаше да се направи избалансираност, не само фактографски работи туку да има и нота интересна за читателите. Предизвик беше како да дојдеме до информации за овие сликари за нивниот престој во Македонија. Најдовме релевантни податоци, кога биле, како биле, по кој повод дошле во Македонија, резултат на таа истражувачка работа е овој лексикон со 400 страници, 246 биографии на сликари како и 590 фотографии има од тие сликари и нивни слики, изјави Андонов. Во Лексиконот има и триесетина дела кои се насликани во Тетово. Лексиконот е помогнат од Министерството за култура како проект од национален интерес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
КултураУтре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија - LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува. Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија. Двајцата професори - Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти ќе продолжат со извонредната уметничка фото-документација и преку своите фотографии ќе ја овековечат приказната за т.н. „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“. Воедно, нивното гостување ќе биде искористено за продуктивни дискусии со нивни колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и релевантни претставници од областа на културната едукација, со цел обмислување на долгорочна соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти и сл. Селектирани фотографии создадени за време на престојот, традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на посебен настан, насловен како ОТВОРЕНО СТУДИО што ќе се одржи на 22ри август. Проектот се реализира со делумна поддршка од македонското министерство за култура и туризам. Фото: Јана ХунтроваТагови: АРТ ПОИНТ - ГУМНО 202 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаМакедонија добива амбасадори во Атина, Будимпешта, Сараево, Осло и Каиро Поранешниот директор на ЈП „Градски паркинг“, Филип Пасху е избран за македонски амбасадор во Атина. Според неофицијалните информации тој е меѓу неколкутемина идни амбасадори за кои Владата неодамна дала зелено светло. Пасху на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. На позицијата беше само десетина дена пред да биде разрешен од тогашната градоначалничка Данела Арсовска. Освен кусото искуство во јавното претпријатие, тој како магистер по економија, има и долгогодишно работно искуство во управување со многубројни меѓународни проекти. Покрај Пасху, како што објави „Слободен печат“, „амин“ од Владата добиле и Татјана Лопарски, поранешна новинарка и актуелна сопственичка на ПР-агенција за амбасадорка во Будимпешта и адвокатот Јасмин Калач за амбасадор во Сараево, кој во моментов е бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами во предметот „Пулс“ за трагедијата во Кочани. Другите двајца кандидати што неофицијално поминале на истата владина седница се Дритон Кучи за амбасадор во Осло и Елма Алторок за амбасадорка во Каиро. Одбрана на тезите во Собранието чекаат уште четворица амбасадори кои претходно биле избрани. Во Бугарија ќе замине Крум Ефремов, дипломат од кариера, кој беше амбасадор во Украина, а Габриел Атанасов од МНР, ќе биде амбасадор во Романија. Мухарем Јусуфи, на амбасадорското место во Стокхолм, додека во Приштина ќе не претставува Катерина Тодороска. Во моментов, според информациите, без амбасадор или генерален конзул се 24 дипломатско-конзуларни претставништва, а за 11 од нив се веќе избрани амбасадори. До крајот на месецов се очекува да заминат уште неколкумина. Илина Мангова во Лондон, Линда Салиеска Иљазовска во Хаг и Стојанче Китаноски во Канбера, Австралија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено пукањето од 08 август во тетовско, лишени се од слобода три лицаНа 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со настанот, на 10.08.2026 во периодот од 20:00 до 22:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претрес во домот и помошните простории на Д.С.(44) во Тетово. При претресот се пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 мм, две кациги, две камери за видео-надзор и мемориска картичка, а поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 и сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик од слобода е лишена Ф.С.(58) од Тетово. Исто така, во врска со настанот, во 23:40 часот во СВР Тетово сама се пријавила Ф.С.(31) од Тетово. Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter