ЗдравјеЛекарскиот колегиум на Клиниката во Козле бара разрешување на директоркатаЛекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара разрешување на директоркатаПротестно писмо од Лекарскиот колегиум на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, за безрезервна поддршка на Д-р Веселинка Митровска Јосифова и Итно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара итно и неодложно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска, по донесената последна скандалозна одлука за колешката д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство, која доби отказно решение, и бара итно враќање на докторката на работа од страна на институциите на системот. Последниот скандал што ја потресе клиниката, лекарите како и нашите пациенти е дека д-р.Веселинка Јосифовска Митровска е бескрупулозно избркана од работа. Во отказното решение добиено од раководството таа е обвинета дека физички присуствувала во кабинетот за бронхоскопија кога се интервенирало на вадење на страно тело од дишните патишта на еден од нашите пациенти. Присуството на колешката само ја потврдува нејзината загриженост за здравјето на пациентите кои се нејзин домен на работа. Докторката Јосифовска се соочува со непријатна средба со директорката, и тоа за време на интеревенцијата, и истата се обидувала насилно да ја острани од кабинетот за што постојат сведоци. Ја информираме јавноста дека интервенцијата кај детето резултирала со успех, извадено е туѓо тело од дишните патишта на пациентот. Со ништо и во ниеден момент не било загрозено детето, ниту пак присуството на лекар кој има 22 год искуство со оваа проблематика би можело на било кој начин да го загрози животот на детето. Напротив доколку би дошло до компликации, лекарите кои се присутни а имаат долгогодишно искуство би можеле да интервенираат веднаш. Но парадоксот е дека според директорката како што пишува во отказното решение е дека нејзиното присуство го довела во опасност животот на пациентот. Изразуваме најсилна безрезервна поддршка за нашата колешка д-р Веселинка Јосифовска Митровска за која сметаме дека и е нанесена целосна неправда и без никаква вина добива отказно решение од актуелното раководство. Своеволието на директорката уништува многу животи ,ја уништува клиниката Козле а тоа дирекно се рефлектира на пациентите. Откако е назначена досега, нејзиното директорување брои низа скандали за кои јавноста беше информирана. Се спроведоа и средби со Министерот за здравство на кои беа укажани проблемите во клиниката. Се депонираа 30 потписи на лекари кои бараа разрешување на директорката. Се уште се чека одговор за нејзино разрешување. Лекарскиот колегиум уште еднаш ги замолува надлежните институции, Министерот за здравство и Премиерот на Р.Македонија, да стават крај на своеволието на Симоновска бидејќи Клиниката Козле е државна институција од огромно значење во пружањето на здравствена заштита на највулнерабилната група на пациенти, децата, и дискредитацијата што и ја нанесува директорката на оваа клиника е дискредитација на целиот здравствен систем . Лекарски колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата КозлеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook