АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЗдравјеЛекар предупредува дека одреден вид храна е поштетна од пушењетоБританскиот доктор Крис ван Тулекен упати остро предупредување за храната за која тврди дека би можела да биде дури и поштетна за вашето здравје од пушењето...Британскиот доктор Крис ван Тулекен упати остро предупредување за храната за која тврди дека би можела да биде дури и поштетна за вашето здравје од пушењето, наведувајќи дека таа е една од водечките причини за предвремена смрт. Иако во последниве години акцентот е на откажувањето од пушење и намалувањето на консумирање алкохол, се чини дека ултра-преработената храна е многу поопасна. Што се ултра-преработена храна? Тоа се намирници кои често содржат конзерванси, емулгатори, вештачки засладувачи и други адитиви и голем дел од нив ги јадеме секојдневно. Тоа не се не само производи кои вообичаено се сметаат за нездрави, како што се чоколадата и грицките, туку и храна која често се смета за здрав избор, како што се производите од пилешко месо или лебот од цели житарки. Примери за ултра-преработена храна: газирани и енергетски пијалаци индустриски сокови и засладени ледени чаеви чоколатца, бонбони, колачи, бисквити чипс, флипс, индустриски грицки инстант супи и готови оброци хот-дог, салама, пилешки медалјони, „нагетс“ паштети и многу месни производи спакуван бел и тост-леб со многу адитиви некои „фит“ или „протеински“ печива и плочки засладени јогурти, пудинзи и десерти индустриски житни снегулки за појадок маргарин и разни преработени намази замрзнати пици и готови сендвичи сосови и преливи со долг список на состојки „Оваа храна го надминува тутунот како водечка причина за смрт“ Д-р Крис ван Тулекен, кој долго време предупредува на важноста на здравата исхрана, го привлече вниманието укажувајќи на опасноста на ултра-преработената храна, во време кога расте бројот на случаи на рак на дебелото црево поврзани со консумација на оваа храна. При гостување во подкастот „Дневникот на еден извршен директор“, тој изјави: „Долго време бевме целосно збунети околу тоа што всушност треба да јадеме. Храната што е лоша за нас ја нарекувавме брза или преработена храна - онаа со висока содржина на масти, сол и шеќер. Не знаевме како јасно да ја дефинираме, дури ни кога болестите поврзани со таквата исхрана земаа замав“. Иако квалитетните намирници се често поскапи од ултра-преработената храна, што ги прави помалку достапни за многумина, особено за оние со пониски приходи, последиците од ваквата исхрана можат да бидат сериозни. Тој вели дека лошата исхрана богата со ултра-преработена храна „го надминала тутунот како водечка причина за предвремена смрт“ на глобално ниво. Ван Тулекен верува дека причината за ова е и поширокиот начин на кој се произведува таквата храна. „Ултра-преработената храна доаѓа од прехранбен систем кој е водечка причина за губење на биодиверзитетот, втора најголема причина за емисии на јаглерод и водечка причина за загадување со пластика“, вели тој. Тој додава дека пред околу 12 години е развиена дефиниција која го опишува западниот, индустриски модел на исхрана, првенствено карактеристичен за Соединетите Американски Држави. „Таа е развиена од тим во Бразил, а голем дел од најдобрите истражувања на оваа тема доаѓаат од земјите од Централна и Јужна Америка“, вели тој. Потоа продолжи: „Единственото нешто што се промени е пробивот, генерално кажано, на американската исхрана базирана на индустриски преработена храна. Дефиницијата настана во 2009 или 2010 година, а денес имаме една деценија докази што многу јасно покажуваат дека ултра-преработената храна е одговорна не само за епидемијата на дебелина, туку и за голем број други здравствени проблеми, вклучително и предвремената смрт.“ Научни студии ги потврдуваат ризиците Тврдењата на д-р Ван Тулекен се поткрепени од бројни студии што ја поврзуваат ултра-преработената храна со голем број здравствени проблеми и болести: дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и рак на дебелото црево. Студија од 2024 година објавена во Националната медицинска библиотека наведува: „Високата консумација на ултра-преработена храна е поврзана со зголемен ризик од разни хронични болести и нарушувања на менталното здравје.“ Авторите на студијата го истакнуваат и следново: „До денес, ниедно истражување не покажало поврзаност помеѓу внесувањето ултра-преработена храна и поволните здравствени исходи. Овие наоди сугерираат дека исхраната со ниска содржина ултра-преработена храна може да има големи придобивки за јавното здравје.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter