Лејди Гага одговори на гласините : Да , бремена сум...

Откако ја прекина свршувачката со Кристијан Карино и откако почна за неа да се говори дека минува многу време со актерот и партнер во филмот,,Ѕвездата е родена” , Бредли Купер, почнаа да се шират гласини дека Лејди Гага е бремена.

Пејачката и актерка на војот Твитер профил се огласи за шпекулациите со остар одговор. ,, Зборуваат дека сум бремена? Да , бремена сум со LG6”, напиша 32 годишната ѕвезда , алудирајќи на новата песна и албумот , кој под тоа име ќе го издаде годинава.

Иако јасно беше дека станува збор за песната , голем број фанови погрешно ја разбраа , па и честитаа на бременоста. Оние , пак , кои ја разбраа пораката на Лејди Гага и порачаа што побргу да го издаде албумот .

За потсетување , Лејди Гага и Бредли Купер на Оскарите ја изведоа песната "Shallow", а нивниот настап ги полнеше со денови таблоидите со претпроставки за интимна врска меѓу нив.

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер