3Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски
Шоу бизЛегендарниот рокер и бунтовник , стана свештеник Фронтменот на групата Аеросмит , 70 годишниот Стивен Тајлер се пофали дека станал свештеник на Универзалната животна црква, што значи дека во иднина ќе може да венчава брачни двојки.Стивен Тајлер го завршил онлајн курсот, што го организира Универзалната животна црква , која е вирална црковна заедница што нуди ,, можност за заработување за луѓето од различни култури , вероисповести и уверувања”. Курсот го палтил 80 долари , а по добиениот сертификат , рокерот добил дозвола да венчава брачни двојки. Според таблоидите , Тајлер објавил дека цената на неговите услуги е 200 000 долари. Откако минатата неделе му помогна на синот и на неговата вереница да си разменат брачни завети , Тајлер им се нуди на колегите. Така , тој најави дека им понудил венчавка на пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга хајли Болдвин , кои се венчани во матична канцеларија во Њујорк , но не и во црква.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаСе уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина АеродромСе уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување. Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаВо Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје Вчера, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста кај јавноста за важноста на редовните прегледи. За овие клучни медицински теми, пред присутните говореа еминентни експерти: проф. д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Посебен белег на трибината остави обраќањето на Анита Бошкова, правничка и поетеса, која пред присутните го сподели своето лично искуство како пациентка, истакнувајќи го огромното значење на навременото откривање на болеста во битката за животот. -Здравјето на жената е столб на секое здраво семејство и општество. Со континуираното организирање на вакви настани, сакаме гласно да порачаме дека раната дијагностика е од пресудно значење и дека ниту една жена не смее да биде оставена сама кога станува збор за нејзиното здравје. Општина Кисела Вода продолжува да биде силен сојузник на сите иницијативи кои нудат едукација, надеж и вистинска поддршка-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска Кампањата, која стартуваше од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври, соопштуваат од Општината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата МицкоскиВчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал. Го објавивме и планот за рудниците - антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата. За нив провизија. За народот отров. Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија. Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма. Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0. Сите заедно против единствениот бастион на слободата - СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот. Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест. Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ. Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат. Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook