Легендарниот рагби играч Том Брејди отворено зборува за процесот на развод од убавата Жизел - Канал 5

Легендарниот рагби играч Том Брејди отворено зборува за процесот на развод од убавата Жизел

Еден од најдобрите играчи во историјата на НФЛ, легендарниот Том Брејди зборуваше за неговата последна сезона во НФЛ додека траеше неговиот развод од Жизел Бундшен.

Легендарниот рагби играч Том Брејди отворено зборува за процесот на развод од убавата Жизел

Како што призна Брејди, неговата последна сезона, која заврши во 2023 година, беше навистина тешка за него.

„Поминував низ многу семејни проблеми. Тоа беше предизвик, едноставно влијаеше на мојата способност да играм. Имав 45 години и сакав да поминувам време со моите деца, чувствував дека е време да бидам на натпреварите на моите деца“, рече тој.

Брејди рече дека во неговата последна сезона како играч, се обидел да даде сè од себе.

„Се чувствував како да им должам на моите соиграчи и тренери да дадам сè што имав. Жалам што не заврши малку подобро, но тоа беше единствена ситуација и тешка година за мене. Немам многу време за мојот личен живот, но сакам да работам и ги сакам моите деца“, рече тој.

Тој тврди дека сака да биде зафатен и се обидува да остане исполнет со работите што ги прави, објави „CDM“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер