Легендарниот музичар Горан Бреговиќ добил забрана за влез во Летонија - Канал 5

Легендарниот музичар Горан Бреговиќ добил забрана за влез во Летонија

Легендарниот фротмен на славниот југословенски бенд „Бело дугме“ музичарот Горан Бреговиќ доби забрана за влез во Летонија.

Легендарниот музичар Горан Бреговиќ добил забрана за влез во Летонија

Бреговиќ беше ставен на таканаречената црна листа во Летонија на барање на Националната служба за безбедност.

Според летонскиот портал LSM+, ваква одлука донел министерот за внатрешни работи на Летонија, Рихардс Козловскис.

„Основната порака е за поддршка на агресијата против Украина, учество во јавни настани на окупираните територии. Ние како Летонија ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да ја поддржуваме, така што во овој случај тоа е целосно неприфатливо за нас“, рече министерот за причините за ваквата одлука.

Според натамошните наводи, Горан Бреговиќ има настапувано на Крим неколку пати од 2014 година, а латвиските безбедносни служби и Министерството за внатрешни работи побарале од организаторите на настанот таму внимателно да ги проценат уметниците, пишува Serbian Times.

„Појавата на луѓе кои ја поддржуваат руската агресија во Летонија не е во интерес на безбедноста на нашата земја, бидејќи може да придонесе за меѓуетнички тензии во латвиското општество“, напиша Националната служба за безбедност во писмениот коментар.

Како што е соопштено, минатата година латвиската црна листа беше проширена на 480 странци, во согласност со препораките на безбедносните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Службеник во Агенцијата за вработување во Прилеп примал поткуп- уапсен е

Лишен од слобода вработен во АВРСМ Прилеп за примање поткуп, следува пријава.

Службеник во Агенцијата за вработување во Прилеп примал поткуп- уапсен е

На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп". Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрала и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот - патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје.

Ѓорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот

Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот.

Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина.

Затоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион падна врз куќа во Германија- има загинати (ВИДЕО)

Драматична авионска несреќа се случила денеска непосредно пред 11 часот наутро во Гандеркезе, Германија.

Авион падна врз куќа во Германија- има загинати (ВИДЕО)

Сино-бел авион се урна на покривот на семејна куќа. Според полицијата, едно лице го загубило животот. Сè уште не е јасно дали станува збор за пилотот.

Силен тресок утрово ја потресе мирната станбена улица во Гандеркезе (округ Олденбург) во Долна Саксонија, Германија. Малиот авион претходно изгубил висина и се урнал дијагонално низ ќерамидите на покривот. Кокпитот бил целосно уништен, крилата се скршиле, а делови од остатоците паднале на земја, објави Билд.

Спасувачките служби биле во голем број на местото на падот на авионот. Пожарникарите го пребарувале покривот од мобилна скала, додека полицијата го блокирала подрачјето. Постојат индикации дека во авионот имало друго лице, но тој сè уште не е пронајден. Спасувачите користеле дрон за да се обидат да го лоцираат.

Семејството што живее во куќата не било во објектот во времето на несреќата. Очигледно, авионот полетал од Бремен непосредно пред да се случи несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер