Легендарниот Фелпс пресреќен што го сретна својот идол Ѓоковиќ - Канал 5

Легендарниот Фелпс пресреќен што го сретна својот идол Ѓоковиќ

Најуспешниот пливач во историјата на Олимписките игри, Американецот мајкл Фелпс е пресреќен што во Олимпиското село во Рио се сретна и запозна со својот идол најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Легендарниот Фелпс пресреќен што го сретна својот идол Ѓоковиќ
Пливачот кој има освоено рекордни 18 златни медали на Олимписките игри и кој утре на отворањето ќе го носи знамето на САД синоќа имал неочекувана средба.

Фелпс во олимпиското село го здогледал Ѓоковиќ и решил да му пријде иако лично не го познавал.

Легендарниот пливач бил пресреќен што го сретнал својот идол и воопшто не го криел тоа.

-Се враќав од едно интервју и тој пројде покрај мене: Си реков себе си „Еј тоа е Ѓоковиќ“. Обично во такви ситуации само ќе се насмевнуваме еден на друг , но јас одлучив да го поздравам. Му реков сакам да се сликаме. Завршивме зборувајќи за распоредот, кога тој настапува , кога јас. Тој е супер, скромен, лесно е да се разговара со него. Беше супер што го запознав. Си посакавме среќа еден на друг. Им се восхитувам на неколку спортисти, Новак е еден од нив, изјави по средбата среќниот Фелпс.

На Олимпијадата во Рио , Фелпс ќе се обиде да ја зголеми својата рекордна збирка на златни медали, Ѓоковиќ пак ќе атакува на првото олимписко злато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.

 Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако ајкулата не успеала сама да го најде патот назад кон отвореното море, но обидот бил неуспешен.

Крајбрежната стража и други служби ангажирале пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови.

Ајкулата дури добила и прекар

Како што пренесе весникот „Чосун дејли“, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат ајкулата од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана вистинска ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“.

За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетиле крајбрежниот парк каде што се појавила ајкулата. Според соопштението од градот Бусан и медиумските извештаи, паркот вообичаено привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите.

Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот. И други приказни поврзани со животни претходно привлекле големо внимание во Јужна Кореја.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога

Општина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства.

Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме,  поддршка и помош за младите во ризик од дрога

Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување за пристап до здравствена заштита и остварување на социјалните права, како и информации за намалување на ризиците поврзани со употребата на дроги.

„Им порачувам на младите дека не се сами и дека имаат каде да се обратат. Понекогаш првиот и најважен чекор е разговорот и довербата во човек кој знае како да помогне. Тоа е и целта на овој проект – да дадеме стручна поддршка навреме, но и да делуваме превентивно, затоа што зависноста може да остави сериозни последици врз животот на младите и нивните најблиски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од мај до август 2026 година, Дневниот центар го посетиле 71 корисник, при што се реализирани 274 посети и обезбедени 481 услуга. Фокусот е ставен врз младите и нивните семејства, со цел ризикот да се препознае навреме и да се спречи продлабочување на проблемот.

Покрај директната поддршка, преку овој проект се реализираат и активности за информирање и активно вклучување на младите во креирањето информативни и едукативни содржини за злоупотреба на психоактивни супстанции и штетните последици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто Скопје

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје.

Околу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто Скопје

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Акцијата ја обедини граѓанската заедница околу заедничката цел – подобрување на животната средина и создавање почисти и побезбедни простори за сите жители на Скопје.

Со засукани ракави и личен пример, учесниците чистеа јавни површини, паркови, населби и други локации низ градот, испраќајќи порака дека грижата за животната средина е заедничка одговорност.

„Околу 30.000 вредни и посветени луѓе денеска покажаа колкава сила има градот кога се обединува околу заедничкото добро“, беше истакнато во рамки на акцијата.

Посебен акцент беше ставен на потребата од создавање трајни навики за одржување на јавните простори. Како што беше посочено, секоја исчистена површина значи поздрав простор за живот, побезбедно место за игра на децата и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

Воедно, беше упатен апел до граѓаните да го почитуваат вложениот труд и да придонесуваат кон зачувување на чистотата на јавните површини.

Најавено е дека вакви акции ќе продолжат да се организираат двапати месечно, со цел граѓанската одговорност и грижата за животната средина да прераснат во трајна навика.

„Чистиот град започнува од нас – од грижата за сопствената улица, парк и маало. Денешната акција покажа дека кога граѓаните се обединуваат, може да се направи значаен чекор за почисто и поубаво Скопје“, беше порачано.

Организаторите упатија благодарност до сите граѓани, волонтери, институции, јавни личности и претставници на дипломатскиот кор кои се приклучија на акцијата и со својот ангажман дадоа придонес кон заедничкиот градски простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер