Легендарен фудбалер едвај преживеа тешка сообраќајна несреќа, сега открива: На ништо не се сеќавам - Канал 5

Легендарен фудбалер едвај преживеа тешка сообраќајна несреќа, сега открива: На ништо не се сеќавам

Михаил Антонио (35), легендарен напаѓач на Вест Хем и репрезентативец на Јамајка, ја отвори душата за ужасната сообраќајна несреќа што речиси му го одзеде животот на крајот од 2024 година.

Легендарен фудбалер едвај преживеа тешка сообраќајна несреќа, сега открива: На ништо не се сеќавам

Во шокантна исповед, која ја сподели на подкастот на Адебајо Акинфенва, тој откри дека не се сеќава апсолутно на ништо, од самата несреќа до операцијата, и призна дека несреќата го променила засекогаш.

Антонио детално опиша како иако бил учесник во сообраќајната несреќа, всушност не ја доживеал бидејќи не се сеќава на ништо. „Не се сеќавам на несреќата, престојот во болница, операцијата или будењето по неа“, рече 35-годишниот напаѓач, додавајќи дека неговото тело ја памети траумата, иако неговиот ум целосно ги избришал сеќавањата од тешките моменти.

Удри со Ферарито во дрво

Несреќата се случила кога Антонио ја изгубил контролата врз своето Ферари и удрил во дрво. Поради сериозноста на повредите, тој бил итно префрлен во болница со хеликоптер, каде што лекарите му го спасиле животот по тешка фрактура на ногата. Тој поминал 22 дена во болница, а подоцна лекарите му рекле дека имал неверојатна среќа што преживеал.

Сведоштвото на соседот кој прв дошол да помогне, исто така, сведочи за драмата на ситуацијата, бидејќи Антонио бил целосно дезориентиран и збунето повторувал прашања како: „Каде сум? Што се случува? Во кој автомобил сум?“.

За време на операцијата, метална прачка му била вметната во ногата, а пред него биле месеци рехабилитација. И покрај тешките времиња, Антонио верува дека несреќата била и благослов, бидејќи му разјаснила многу работи и го направила поодлучен. „Фудбалот е важен, но здравјето е поважно“, заклучи Антонио.

Се врати на фудбалот

Се врати на теренот пред еден месец. Влезе како замена во натпреварот на Јамајка против Гватемала пет минути пред крајот, на местото на Џонатан Расел, со овации од публиката. Тоа беше неговиот прв натпревар по несреќата. Оскар Сантис ѝ ја донесе победата на Гватемала со гол во првото полувреме, но за Антонио и неговите навивачи, враќањето на теренот е поважно од резултатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер