Трагедија во Шпанија, во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота(видео-фото) - Канал 5

Трагедија во Шпанија, во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота(видео-фото)

Фудбалска трагедија во Шпанија, во сообраќајна несреќа утрово загина 28 годишниот португалски репрезентативец, член на Ливерпул, Диого Жота. 

Трагедија во Шпанија, во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота(видео-фото)

Спортска Португалија завеана во црно.

Трагедијата се случила во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора, околу 1 и пол часот наутро.

Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер кој играл за Пењафиел, кога излетал од автопатот А-52 на 65-тиот километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.

Двајцата починале на самото место, на несреќата.

Сообраќајната несреќа била предизвикана од пукната гума, кога Ламборџинито во кое се возеле Жота и неговиот брат се обидувало да престигнат друг автомобил со голема брзина.

Се верува дека гумата на Ламборџинито на Жота пукнала при престигнување на патот А-52 кај Сернадиља во близина на Замора во северозападна Шпанија, близу до границата со Португалија.

Супербрз автомобил излетал од патот, се превртел, а потоа се запалил во раните утрински часови.

Жртвите биле идентификувани по пожарот само благодарение на зачуваните регистарски таблички од автомобилот.

Според сведоците, возилото се запалило, по што огнот се проширил и на околината.

Одделот за итна медицинска помош (УИМ) и медицинскиот персонал за примарна здравствена заштита (МАП) од Здравствениот центар Момбуј кои пристигнале на местото на сообраќајната несреќа можеле само да ја потврдат смртта на двајца млади луѓе, фудбалери на лице место.

Трагедијата е уште поголема бидејќи Диого пред само една недела на 22 јуни стапи во брак и правеше свадба.

Жота беше член на Ливерпул, каде што се приклучи во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола на 182 натпревари.

Како член на Ливерпул, Жота ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.

Покрај за црвените од Енфилд во својата кариера играше и за Пасо Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.

Жота има и 49 настапи во селекцијата на Поругалија во кои постигна 14 гола. Минатиот месец со Поругалија ја освои и титулата во Лигата на нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер