3Десетици илјади студенти и средношколци излегоа на протести во Данска- причината се стипендиите (ВИДЕО)
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
2Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ФудбалЛегендарен бразилски фудбалер низ солзи: Се дрогирав и бев најдобар стрелец во Европа Марио Жардел, поранешниот бразилски напаѓач, призна дека се предозирал во 2002 година додека се уште активно играл фудбал.Поранешниот бразилски репрезентативец признал дека се предозирал додека бил во Спортинг Лисабон, а меѓу сезоните, додека бил на одмор земал кокаин. „Се предозирав во 2002 година и бев буден седум дена со кокаин. За оние што ме гледаа, само да знаете дека тоа не е позитивен пример. Мислев дека ништо нема да ми се случи, дека се` е во ред. Паднав на дното и ми требаше многу време за да станам“, изјави Жардел во емисија во која плаче пред камера. „Она што е важно е што сум жив и што можам да кажам не на дрогата “, изјави некогаш најдобриот стрелец во Европа, кој ја освои Златната копачка во 1999 и 2002 година. Кариерата ја започна во Васко, а во Европа играше за Порто, Галатасарај, Спортинг, Болтон, Анкона и Черно Море. Во Порто на 125 натпревари постигнал дури 130 гола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПаника на крузер: Евакуирани 1.537 луѓе на грчкиот остров Сирос поради дојава за бомба Крузерот „Краун Ирис“, кој требаше да отплови од грчкото пристаниште Сирос до израелското пристаниште Хаифа, беше евакуиран по дојава за можна експлозивна направа на трупот на бродот, додека истрагата е во текЕвакуацијата на патниците започна кратко по 19 часот по локално време, а тие ќе бидат сместени во соби обезбедени од општините Сирос и Ермуполи, каде што ќе останат додека не се завршат безбедносните проверки, објави Џерусалим Пост. Бродот, кој плови под знамето на Панама, превезувал 940 патници и 597 членови на екипажот, или вкупно 1.537 лица. Според достапните информации, непознато лице го известило крузерот преку VHF радио дека на неговиот подводен дел се наоѓа експлозивна направа. Капетанот на бродот веднаш ги известил пристанишните власти на островот Сирос. Персоналот на крајбрежната стража, потпомогнат од куче за откривање експлозиви и приватен нуркач, го пребара бродот, додека специјална единица на крајбрежната стража беше испратена на местото на настанот. Првичната инспекција не пронајде експлозивна направа, а се очекува експертите од крајбрежната стража да спроведат дополнителни проверки пред крузерот да може да го продолжи своето патување. Заканата за бомба на бродот дојде истиот ден кога најмалку седум авиони во Европа добија закани за бомба, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, иако не беа пронајдени експлозивни направи.Тагови: крузер островот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПоништена му е пресудата на раперот Виз Калифа- нема да оди во затвор, повторно ќе му се суди Пресудата со која американскиот рапер Виз Калифа беше осуден во Романија е поништена со одлука на Апелациониот суд во Констанца.Како што е наведено во краткото образложение на одлуката, судот го одобрил барањето за поништување на пресудата поднесена од осуденото лице, која се однесува на кривичната одлука бр. 1222/П од 18 декември 2025 година, издадена во предметот бр. 7777/118/2024. Соодветно на тоа, Апелациониот суд во Констанца ја поништи претходната одлука и наложи поништување на наредбата за извршување на затворската казна, издадена од Трибуналот во Констанца. Судот одреди нов датум за повторно разгледување на жалбата поднесена од обвинителството на DIICOT, а рочиштето е закажано за 12 ноември 2026 година во 16 часот. Исто така, наложи да се преземат потребните мерки за да се обезбеди присуство на обвинетиот преку видеоконференција. Трошоците на судската постапка, кои претходно ги сносела државата, ќе останат на негов трошок. Нов случај во кој како обвинет се појавува американскиот рапер Виз Калифа е поднесен на 26 август 2026 година, пред Апелациониот суд во Констанца, според податоците објавени на порталот за романски судови. Случајот се води пред Кривичниот совет за кривични постапки со малолетници и семејни спорови. Предмет на постапката е наведен како „нелегална употреба на дроги“, со упатување на член 4 од Законот 143/2000, кој се однесува на спречување и сузбивање на трговијата со дрога и нелегалната употреба на дроги. Постапката е поднесена во судските записи во фазата „жалба - барање за поништување на пресудата“.Тагови: затвор раперот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндреј Жерновски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски.Еврокомесарката Кос ни порача дека и покрај подготвеноста, единствен начин да се излезе од ќорсокакот се уставните измени и дека топката е кај нас, возможен ли е и како до национален консензус? Дали и какви последици ќе почувствува Македонија од падот на Вучиќ? Можни ли се промени во владината коалиција по изборите во Брвеница? Утре Гоце Михајлоски во Само Интервју со Андреј Жерновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00