Легализација на употреба на марихуаната во кафулињата – аргументи „за“ и „против“

Најавата на премиерот Заев дека се размислува за легализирање на марихуаната и нејзино законско конзумирање во угостителски објекти повторно ја отвори темата колку ваквиот потеег ќе биде корисно за општеството.

Легализацијата и декриминализацијата на марихуаната деновиве сериозно ја разбранува јавноста. Премиерот Зев во интервју за Дојче Веле најави дека идејата преку контролирани услови да се дозволи употребата на марихуаната во угостителските објекти може многу да помогне за сериозен развој на туризмот и угостителството но под услов да се почитуваат стандарди за вентилација и да има доказ за потекло на марихуаната.

Од здружението за канабиси зелени политики засега се претпазливи по најавите за легализација на марихуаната за рекреативно туристички цел бидејќи стравуваат да не се случи истото сценарио како со легализацијата за производство на медицински канабис.

Од здружението билка сметаат дека нема да се реши проблемот ако се остварат најавите дека во законското решение ќе има ДДв од 50 до 70% бидејќи на тој начин ќе се поттикне уште повеќе сивата економија. Клиничкиот токсиколог Чибишев кој повеќе од 20 години ја следи употребата на опојните дроги категорично е против идејата на владата бидејќи засега нема сериозна клиничка студија за тоа лековите својства на канабисот а има докази за штетноста особено кај помладата популација. Во Америка најголемиот број од тешките сообраќајни незгоди се случиле заради возење под дејство на марихуаната.

Дека идејата веќе е во напредна фаза се гледа и од ставот на министерот за правда Бојан Маричиќ, кој најави ќе се инсистира доследно и без исклучок да се спроведуваат на законите во оваа област за да неможе секој да ја толкува декриминализацијата на свој начин.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер