МакедонијаЛефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавностаНаместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат. ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДС и натаму продолжува тврдоглаво со главата во ѕид, мислејќи дека ако повторуваат 100 пати една лага таа ќе стане вистина. СДС и Филипче лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови, а тие беа истите кои велеа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа. За секоја нивна лага следува демант. И нема извинување, нема одговорност. Само лаги, манипулации и деструкција. Основните три начела на СДС, затоа и се трета партија во Македонија со 130.000 гласови. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангелиНа 15 јуни со почеток во 19 часот во Градски парк- Кочани ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.Настанот има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: • Изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ • Помош и поддршка за семејства од ранливи категории Во рамките на програмата ќе бидат организирани: • Модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип • Продажба на фустани, при што сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот 🎼 Музичка програмаТагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЕвропаУнгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните платиУнгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на парламентот. Од следниот месец нивната основната бруто плата ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на парламентот. Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал. Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.Тагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет14 загинати во нов израелски напад низ јужен ЛибанНајмалку 14 лица загинаа во нови израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското министерство за здравство, во ново заострување на безбедносната состојба долж границата со Израел. Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски војници на либанска територија, но не презеде одговорност за напади врз израелска територија. Израелските власти, пак, најавија дека операциите во Либан ќе продолжат, со образложение дека цел на нападите е инфраструктурата на Хезболах.Тагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16