Ледена сензација во главниот град - Канал 5

Ледена сензација во главниот град

Ледена сензација започна во главниот град во Спортскиот Центар „Борис Трајковски” каде игралиштето за хокеј и уметничко лизгање е повторно пуштено во употреба за тренензи како и за рекреација.

Ледена сензација во главниот град
Со ова двете активности ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија каде сите заинтересирани ќе можат да уживаат во овие зимски спортови.

-Би сакале да Ве информираме, дека заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржа на 15-ти и 16-ти ноември, во употреба е пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето, изјави г-дин Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:
- Понеделник: од 11:00 часот до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
- Вторник: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
- Среда: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
- Четврток: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
- Петок: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 00:00 часот.
- Сабота: од 12:00 до 00:00 часот.
- Недела: од 12:00 до 23:00 часот.

Специјализираните тренинзи по хокеј, ќе бидат водени од рускиот стратег Димитри Прокудин, а во организација на Хокеј федерација на Македонија. Термините за истите се:
- Понеделник: од 19:00 до 20:00 часот.
- Вторник: од 19:00 до 20:00 часот.
- Четврток: од 19:00 до 20:00 часот.
- Петок: од 19:00 до 20:00 часот.
- Сабота: од 07:30 до 08:30 часот.

Тренинзите по уметничко лизгање, ќе бидат водени од Ксенија Јестшењски. Термините се со времетраење од еден час:
- Понеделник: од 17:00 до 19:00 часот.
- Среда: од 17:00 до 20:00 часот.
- Петок: од 17:00 до 19:00 часот.
- Сабота: од 08:30 до 12:00 часот.
- Недела: од 08:30 до 12:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани имаат можност, да го посетат игралиштето за хокеј и уметничко лизгање и да уживаат во понудата, која Спортскиот Центар „Борис Трајковски” ја создава само за нив. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност

Сали ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток.

Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на работниот појадок на маргините на Советот за општи работи на Европската Унија, ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток.

Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека странското манипулирање со информации, кибернападите и притисоците врз независните медиуми и граѓанското општество претставуваат заеднички закани за земјите членки на ЕУ и за земјите кандидатки. Според него, демократската отпорност стана суштински дел од европската безбедност.

Учеството во Центарот би ѝ овозможило на Македонија навремен пристап до европските процени на заканите, механизмите за рано предупредување, експертизата и оперативните мрежи. Истовремено, би ги зајакнало капацитетите за спротивставување на дезинформациите, стратешката комуникација и кибербезбедноста, како и поддршката за независните медиуми и граѓанското општество, придонесувајќи за реформите во темелните области на пристапниот процес.

Министерот истакна дека Македонија има намера да биде не само корисник, туку и активен придонесувач, споделувајќи го своето искуство во справувањето со хибридните закани. Тој информираше дека се започнати внатрешни подготовки за суштинско учество, дека Министерството за правда е определено како координативна институција и дека се назначени контакт-точки за комуникација со Секретаријатот на Центарот.

На крајот, Сали повика на потесна соработка меѓу ЕУ и Западен Балкан, нагласувајќи дека раното вклучување на земјите кандидатки во европските инструменти го претвора проширувањето во конкретен придонес за безбедноста, демократијата и единството на Европа.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Технолошки холдинг ќе ја преземе „Bumble“: акциите пораснаа за 50%

Акциите на „Bumble“, компанијата што стои зад популарната апликација за запознавање, вчера скокнаа за речиси 50 отсто по веста за напреднати преговори за продажба.

Технолошки холдинг ќе ја преземе „Bumble“: акциите пораснаа за 50%

Технолошкиот холдинг „Ithaca“ би можел уште оваа недела да објави договор за преземање на фирмата со седиште во Тексас за околу една милијарда долари, објави „Wall Street Journal“. Скокот на цената на акциите ја зголеми пазарната вредност на „Bumble“ на над 580 милиони долари, пренесува „BBC“.

И покрај растот, оваа вредност останува значително пониска од 14-те милијарди долари на колку се проценуваше компанијата на врвот на својата популарност по излегувањето на берзата „Nasdaq“ во 2021 година. „Bumble“ е една од најпознатите светски апликации за запознавање, но работи на заситен пазар каде што растот е забавен.

Апликацијата беше лансирана во 2014 година од Витни Вулф Херд, коосновач на ривалската апликација „Tinder“. Таа го изгради брендот „Bumble“ околу правилото што им дозволуваше само на жените да го иницираат разговорот со лицата со кои се совпаднале.

Помладите корисници чувствуваат замор

Компанијата неодамна го укина тоа ограничување, што предизвика дебата меѓу корисниците за тоа дали апликацијата ја изгубила својата клучна карактеристика по која се разликувала од другите. „Нашата заедница денес бара поголема флексибилност, помалку притисок и повеќе можности за воспоставување вистински, значајни врски, а ова ново искуство го овозможува токму тоа“, изјави Вулф Херд во август. Апликациите како „Bumble“ се соочија со притисок во последните години бидејќи помладите корисници се уморија од бескрајното прелистување профили во потрага по партнер. Во 2025 година, „Bumble“ најави отпуштање на речиси една третина од својата работна сила, а целата индустрија се соочи со феномен што Вулф Херд го опиша како „пресвртна точка“ во онлајн запознавањето.

Возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање

Инвестициите во други компании за запознавање исто така забавија бидејќи апликациите тешко успеваат да ги мотивираат корисниците да плаќаат за нивните услуги. Акциите на „Match Group“ – сопственик на „Tinder“, „OkCupid“ и „Hinge“ – исто така забележаа остар пад во споредба со нивните рекордни вредности од 2021 година.

Според извештајот од 2025 година на регулаторното тело „Ofcom“, возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање отколку пред три години. Наместо тоа, некои самци се свртуваат кон собири за играње друштвени игри, книжевни клубови и други групни активности, со надеж дека ќе запознаат партнер.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Димитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици.

Во рамки на средбите, министерката ќе оствари работна средба со потпретседателката на Светска банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување.

Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек.

Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи.

На агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамки на Годишните средби, како и пленарната сесија на Годишните средби на ММФ и Светска банка.

Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции.

Во составот на делегацијата на Есенските средби е и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер