Леброн за рекорд во НБА: Не можев да го замислам ова ниту на сон - Канал 5

Леброн за рекорд во НБА: Не можев да го замислам ова ниту на сон

Напаѓачот на „Лос Анџелес лејкерс“ Леброн Џејмс ги искажа впечатоците по поставувањето на нов НБА рекорд по бројот на поени во кариерата.

Леброн за рекорд во НБА: Не можев да го замислам ова ниту на сон

Рано утрово Џејмс на натпреварот на домашен терен против Оклахома стигна до 38.390 поени и го надмина поранешниот центар на Лејкерс, Абдул-Џабар (38.387 поени).

- Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Лејкерс. Вие сте единствени и вашата поддршка ме водеше кон ова достигнување. Тоа што можам да бидам во присуство на таква голема легенда како што е Карим ми значи многу. Тоа е многу почесно. Ве молам дајте овации на мојата убава сопруга, ќерка, моите две момчиња, моите пријатели. На сите кои некогаш биле дел од оваа трка со мене во изминатите 20+ години. Сакам да ти се заблагодарам многу, бидејќи без тебе не би бил јас.

НБА, Адам Силвер, покојниот великан Дејвид Стерн, ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од она за што отсекогаш сум сонувал. Такво нешто не можев ни да замислам на сон, го цитира Џејмс ESPN.

Леброн ги постигна своите први поени во НБА на 30 октомври 2003 година. Му требаа 19,5 години да го собори рекордот на Џабар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер