Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
1Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
2Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
КошаркаЛеброн Џејмс наскоро се враќа на паркетотПовредената ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е пред опоравување од истегнат абдоминален ѕид, а 36-годишниот кошаркар би можел да биде на паркетот во петок, кога неговиот тим ќе игра во Бостон, објави ESPN.Џејмс последен пат се појави пред две недели, кога постигна 30 поени и имаше 10 асистенции во победата над Хјустон Рокетс со 119-117. Од 15 натпревари оваа сезона, Џејмс одиграл само шест. Без Леброн во тимот, Лејкерси оствариле четири победи, пет пати загубиле и со вкупен резултат 8-7 се на седмото место во Западната конференција на НБА лигата. Џејмс оваа сезона има просек од 24,8 поени, 5,5 скока и 7 асистенции. Тој постигнал помалку поени во кариерата само во првата сезона во НБА, во која дебитирал во 2003 година во дресот на Кливленд Кавалирс. Џејмс за 44 дена ќе го прослави својот 37 роденден и моментално тренира индивидуално за што побрзо да се врати на терените. Лејкерси во среда ќе ја започнат серијата од пет гостувања, а прва станица ќе им биде Милвоки и дуелот против актуелниот шампион во НБА. На оваа турнеја на Истокот, Лејкерси ќе играат на гости со Бостон Селтикс, Детроит Пистонс, Њујорк Никс и Индијана Пејсерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче. Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад. „Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче. За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина. Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година. Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. „Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче. Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата. „Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во ЊујоркМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум. Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“. На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.Тагови: Димитреиска -Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио КоштаМакедонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook