НБАЛеброн Џејмс доби четири конци по лактот во аркадатаПрвата ѕвезда на американската кошаркарска репрезентација Леброн Џејмс доби четири конци во пределот на левото око откако беше погоден со лакт на мечот со Бразил (122:87) синоќа во четвртфиналето на Олимпијадата.Инцидентот се случил во третата четвртина. По ова 39-годишниот Американец не можеше да го заврши натпреварот. -Добро сум. Само примив случаен удар во лице, рече Џејмс по натпреварот. Џејмс на паркетот мина 16 минути и 39 секунди, постигна 12 поени, забележа три скока и девет асистенции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапоВладата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија. • На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка. • На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници. За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери. Во исто време: • Инфлацијата ги јаде платите и пензиите. • Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон. • Минималната плата остана замрзната. • Потрошувачката кошница расте секој месец. А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар: Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач. Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит. Значи - повторно задолжување. Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода. А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари. Долгот расте. Цените растат. Животниот стандард паѓа. Оваа Влада нема економска стратегија. Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско ЕзероПри пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата. Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook